fbpx

ОН вели дека веќе нема безбедно место во Газа, Нетанјаху сака да ја прошири офанзива

Во врска со константното раселување на цивилите во Газа, лидер на хуманитарен тим од ОН во Газа вели оти луѓето се „поместуваат како да се фигури на џиновска шаховска табла“

-

Состојбата со раселувањето на жителите на Газа е крајно сериозна, изјави денеска Џема Конел, лидерка во хуманитарна група на Обединетите нации. Според неа, луѓето постојано добиваат нови упатства за тоа, каде е безбедно во Газа, но кога ќе стасаат до наводно безбедно место, нема адекватно место за нивно сместување, известува Гардијан.

„Зборував со многу луѓе. Овде во Рафах има толку малку простор што луѓето едноставно не знаат каде да одат. Луѓето се преместуваат како фигури на џиновска шаховска табла кога има ненадејна наредба за евакуација“, вели Конел.

Според информациите од министерството за здравство Газа, најмалку 100 луѓе биле убиени во бомбардирања во последните 24 часа.

Покрај загрижувачките услови во Газа, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху продолжува со изјави во кои вели дека војната е далеку од готова и дека ќе се проширува офанзивата во следните денови.

Нетанјаху беше пречекан од силно викање од семејствата на заложниците кога во израелскиот парламент зборувал за потребата на понатамошен воен притисок врз Хамас, кој, според него, би довел до ослободувањето на заложниците. Роднините на заробените скандирале „Сега! Сега!“, во однос на враќањето на заложниците.

Лидерот на опозицијата во Израел Јаир Лапид, во говор во петокот, изјави дека израелските сили не вложуваат доволно во главната цел на офанзивата – враќањето на израелските заложници. Ваквиот коментар доби аплауз од семејствата на заробените.

Истовремено, Хамас и Исламски Џихад, паравоена организација во Газа, одбиле договор од Египет кој нудел трајно примирје под услов двете организации да се повлечат од власта.

Дополнително, според израелскиот весник „Хајом“, за време на затворена парламентарна седница, Нетанјаху се залагал за спорведување на планови за „добороволна миграција“ на жителите на Газа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...