Таг: Обединети нации
таг: Обединети нации
ОН вели дека веќе нема безбедно место во Газа, Нетанјаху сака да ја прошири офанзива
Состојбата со раселувањето на жителите на Газа е крајно сериозна, изјави денеска Џема Конел, лидерка во хуманитарна група на Обединетите нации. Според неа, луѓето постојано добиваат нови упатства за тоа, каде е безбедно во Газа, но кога ќе стасаат до наводно безбедно место, нема адекватно место за нивно сместување, известува Гардијан.
„Зборував со многу луѓе. Овде во Рафах има толку малку...
Најмалку 78 лица убиени во бомбардирање на камп за бегалци во Газа
Палестинското министерство за здравство соопшти дека најмалку 78 луѓе биле убиени во синоќешниот напад на израелските сили врз кампот за бегалци Магази во Газа, од кои 12 биле жени и седум биле деца, известува Гардијан.
„И покрај предизвиците што ги поставуваат терористите на Хамас кои дејствуваат во цивилните области во Газа, израелските одбранбени сили се посветени на меѓународното право, вклучително...
САД подготвени да гласаат за ублажена резолуција во ОН за војната во Газа
Денеска се очекува конечно да се гласа за резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за безбеден пристап до хуманитарна помош и обезбедување на условите за примирје во појасот Газа, известува Гардијан.
Сегашното барање е значајно помало од првичната верзија на резолуцијата, која бараше итно примирје. Оваа недела интензивно се работеше на тоа да се промени резолуцијата така...
Бројот на убиени во Газа од почетокот на војната надмина 20.000
Како што хуманитарната состојба во Газа континуирано се влошува, така и преговорите за примирје во регионот континуирано се комплицираат. Според Министерството за здравство во Газа, бројот на жртви во Газа надминал 20.000, известува Би-би-си.
Советот за безбедност на Обединетите нации повторно го одложи гласањето за примирје во Газа, со цел реформулирање на резолуцијата за да биде прифатлива за САД. Претставници...
Лидерот на Хамас пристигна на преговори во Египет
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех пристигна во Египет за да се сретне со египетски посредници во преговорите со Израел. Се смета оти ќе се преговара околу воведување примирје во Газа, известува Би-би-си. Ханијех, инаку, живее во Катар.
Според Гардијан, средби меѓу премиерот на Катар и високо рангирани членови на ЦИА поминале „позитивно“. Сепак, еден од присутните на средбите рекол дека...
Советот за безбедност на ОН ќе гласа за резолуција за примирје во Газа
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе гласа за резолуција за примирје во Газа. Се очекуваше вчера да се одржи гласањето, но истото беше одложено за да се допрецизира формулацијата на барањето на резолуцијата, известува Би-би-си. Конкретно, се ублажува барањето на „прекин на огнот“ во „суспензија на огнот“, со цел да се добие поддршка и од Соединетите...
Израел бомбардираше камп за бегалци во Газа, најмалку 90 загинати
Синоќа израелските одбранбени сили го бомбардираа кампот за бегалци Џабалија, кој се наоѓа на северот на појасот Газа. Според Mинистерството за здравство на Газа, во нападот има најмалку 90 загинати, известува Гардијан.
Ова не е првпат кампот Џабалија да биде бомбардиран од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Газа, кој започна на 7 октомври. Џабалија беше таргетиран на 31 октомври.
Дополнително,...
Несогласувања меѓу САД и Израел додека ОН со мнозинство гласа за прекин на огнот
Израел и Соединетите Американски Држави (САД) покажаа досега најсилно јавно несогласување досега околу иднината на војната против Хамас, со оглед на тоа што двата сојузника стануваат се поизолирани од глобалните повици за прекин на огнот, пренесува Гардијан.
Несогласувањата, според Асошиејтед Прес, се појавиле во вторникот додека израелските сили извршиле напади низ Газа, уништувајќи палестински домови. Претседателот Џо Бајден му кажал...
Хуманитарниот систем во Газа е под „сериозен ризик од колапс“, вели Гутереш
Генералниот секретар на Обединети Нации (ОН), Антонио Гутереш, вели дека Газа се соочува со „сериозен ризик од колапс на хуманитарниот систем“. Гардијан го пренесува неговото писмо, во кое истакнува дека хуманитарниот систем на Газа е во опасност од колапс по два месеци војна што создала „ужасно човечко страдање“.
Тој се повикува на членот 99 од Повелбата на ОН, кој вели...
Израел започна офанзива на југот од Газа, се подготвува и систем на водени пумпи за поплавување на тунелите на Хамас
Обединетите нации предупредуваат за уште попеколно сценарио во Појасот Газа, каде операциите за помош може да бидат неспособни да одговорат, пишува Би-би-си.
Израелската војска соопшти дека презема „агресивна“ акција против Хамас и другите вооружени групи во Кан Јунис во јужниот дел на Газа. Наредена е евакуација на една петина од градот, а во областа имало дополнително силно бомбардирање во текот...
Нетанјаху не отстапува: Ќе продолжиме додека не победиме
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху останува на ставот дека примирје нема да има сè додека не се ослободени сите израелски заложници задржани од Хамас.
Со својата копнена офанзива против исламистичкиот Хамас по масакрот врз Израелците во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, израелската војска го пресече Појасот Газа на два дела и сега го опколи градот Газа.
„Што се однесува до...
Телекомуникациските врски во Газа се обновуваат, Израел го засилува копнениот напад
Телефонските линии и интернет конекциите полека се враќаат во Појасот Газа по повеќе од еден ден речиси целосен прекин на комуникациите. Поврзаноста беше прекината откако Израел го интензивираше своето бомбардирање на територијата и започна голема копнена операција во која беа вклучени тенкови и војници, пренесе Би-би-си.
Дека фиксните, мобилните и интернет услугите во Газа постепено се обновуваат објави и Палестинската...
Израел бомбардира телекомуникациски мрежи во Газа, нема интернет и можности за комуникација
Најголемиот телекомуникациски сервис во Газа, Палтел, вчера соопшти дека поради бомбардирањето на Израел на клучни точки на нивната мрежа се прекинати сите конекции со надворешниот свет, известува Гардијан.
Дописникот на Би-би-си во Газа, со многу тешкотии, искомуницирал со Лондон и потврдил дека навистина нема интернет и дека Палестинците не можат да комуницираат меѓусебно преку телекомуникациските мрежи.
Поради сето ова, тешко се...
Обединетите нации не ја декриминализираат педофилијата
Во објавата е споделен текст што изобилува со невистини, манипулации и цитати намерно извадени од контекст. Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, за странски проверувачи на факти изјавил дека ОН не бараат декриминализација на сексот со деца, ниту пак, повикуваат на укинување на возраста за согласност. ОН се решителни во борбата против сексуалната експлоатација на децата, сметаат дека сексуалната...
Израел ги интензивираше нападите, комуникациите со Газа целосно отсечени
Израел вечерва ги интензивираше нападите врз Газа, додека светските медиуми и меѓународните организации објавуваат дека не можат да стапат во врска со нивните вработени на терен и дека комуникациите со Газа се целосно отсечени, пишува Би-би-си. Би-би-си, меѓународната хуманитарна организација Екшн Ејд и палестинскиот Црвен крст вечерва потврдија дека изгубиле контакт со нивниот персонал, додека Палестинската телекомуникациска компанија потврди...
Доктор во Газа: Пеколот изгледа како чајанка во споредба со состојбата овде
На петнаесеттиот ден без струја во Газа, болниците примаат само итни случаи поради немањето доволно гориво за генератори, а Обединетите нации предупредуваат дека до крајот на денот ќе снема гориво.
Агенцијата на Обединетите нации задолжена за помагање на Палестинците предупредува дека ќе биде принудена да престане со својата хуманитарна помош утре ако Израелските одбранбени сили не дозволат да се внесе...
Над 700 убиени луѓе во Газа за еден ден
Откако започната контраофанзивата на Израел по нападот на Хамас, има над 5.700 убиени и над 17.000 повредени во Газа.
Седумстотини од жртвите биле убиени во последните 24 часа, известува Асошиејтед прес. Забележан е и воздушен напад на камп за бегалци во Газа.
Околу 1.500 луѓе се пријавени како исчезнати - се претпоставува дека најголем дел од нив се заглавени или...
Денот на ОН одбележан со дијалог за дезинформации, дискриминација и лажни вести
Дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза беа дел од темите на Годишната конференција на Обединетите нации која денеска се одржа во Скопје под името „Слобода, еднаквост и правда за сите“.
Конференцијата има за цел да промовира дијалог за да се изнајдат подобри начини за справување со дискриминацијата, погрешните информации, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза помеѓу претставници од...
Светскиот ден на храната годинава посветен на водата: Не смееме да ја земаме здраво за готово
Светскиот ден на храната, 16 октомври, оваа година го слави еден од најскапоцените ресурси на планетата: водата. Таа е од суштинско значење за животот на Земјата, го покрива поголемиот дел од површината на нашата планета, сочинува над 50 проценти од нашите тела, ни помага да се храниме, овозможува егзистенција, рече Кју Донгју, Генерален директор на Организацијата за храна и...
Катастрофален земјотрес во Авганистан, има повеќе од 2.000 загинати
Талибанската влада извести дека како последица на силниот земјотрес кој во саботата го погоди Авганистан има над 2.000 загинати и над 9.000 повредени лица, а уништени се повеќе од 1.300 домови, известуваат од Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала бил 35 километри северозападно од Херат, третиот најголем град во Авганистан. Следеле афтершокови, чија непредвидливост...