fbpx

САД подготвени да гласаат за ублажена резолуција во ОН за војната во Газа

Оваа недела интензивно се работеше на тоа да се промени резолуцијата така што би била поприфатлива за САД, која постави вето на претходната резолуција во Советот за безбедност која бараше примирје во регионот

-

Денеска се очекува конечно да се гласа за резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за безбеден пристап до хуманитарна помош и обезбедување на условите за примирје во појасот Газа, известува Гардијан.

Сегашното барање е значајно помало од првичната верзија на резолуцијата, која бараше итно примирје. Оваа недела интензивно се работеше на тоа да се промени резолуцијата така што би била поприфатлива за САД, која постави вето на претходната резолуција во Советот за безбедност која бараше примирје во регионот.

Прво, преговорите за резолуцијата беа околу барање „суспензија на непријателствата“ наместо „прекин на непријателствата“, но конечната верзија бара „создавање услови за одржлив прекин на непријателствата“.

Дополнително, отстранет е параграфот во кој најдиректно се критикува Израел, односно во кој резолуцијата „цврсто ги осудува сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право, вклучително и сите неселективни напади врз цивили и цивилни објекти, секој чин на насилство против цивили и сите терористички чинови“.

Ричард Гован, истражувач во организацијата „Меѓународната кризна група“, смета оти резолуцијата е недоволно транспарентна и конкретна. Смета дека избегнувањето на критикување на Израел, како и не барајќи итно примирје, може да доведе до тоа Русија да не сака да ја изгласа резолуцијата.

Светската програма за храна на ОН, пак, проценувајќи го нивото на безбедност на храна во Газа, изјави дека над 90 отсто од населението во Газа се во кризна или полоша состојба. Дополнително предупредуваат на масовен глад во појасот во следните шест месеци доколку не се зголеми нивото на хуманитарна помош која се внесува во регионот.

Во Појасот Газа продолжуваат нападите на Израел, вклучувајќи рација на палестинскиот центар на Црвената полумесечина. Оттаму велат оти израелските сили уапсиле голем број од медицинските лица и ги одвеле до непозната локација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...