fbpx

Лидерот на Хамас пристигна на преговори во Египет

Истовремено, Советот за безбедност на Обединетите нации втор ден по ред го одложува гласањето на резолуција за примирје во Газа

-

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех пристигна во Египет за да се сретне со египетски посредници во преговорите со Израел. Се смета оти ќе се преговара околу воведување примирје во Газа, известува Би-би-си. Ханијех, инаку, живее во Катар.

Според Гардијан, средби меѓу премиерот на Катар и високо рангирани членови на ЦИА поминале „позитивно“. Сепак, еден од присутните на средбите рекол дека не очекува примирје во скоро време. Египет и Катар имаа улога на клучни посредници при воспоставувањето на привременото примирје меѓу Израел и Хамас претходниот месец.

Советот за безбедност на Обединетите нации, пак, втор ден по ред го одложува гласањето на резолуција за примирје во Газа. Вчера имаше долги и интензивни дискусии меѓу членовите на Советот. Главната цел беше да се адаптира текстот на резолуцијата за САД да не постави вето на истиот. Имено, последната верзија на текстот бара „суспензија“ на огнот, а не „прекин“.

Претседателот на Израел, Исак Херцог вели оти е спремен за „хуманитарна пауза“. Од Хамас, пак, велат дека не би прифатиле договор за размена на затвореници сè додека трае „геноцидната војна на Израел“.

Во Газа продолжуваат нападите на израелските сили, овој пат во градот Хан Јунис. Има најмалку 12 убиени во вчерашниот напад. Според Министерството за здравство на Газа, има 19.667 убиени од почетокот на конфликтот.

Израелските сили извршија рација во една од последните болници во Газа која е сè уште функционална. Болницата Ал-Ахли беше опкружена 12 денови, а по вчерашната рација стана официјално нефункционална. Сè уште има десетици пациенти во болницата, вклучувајќи и 12 деца.

Израелската војска исто така ги истражува шесте смртни случаи на палестински затвореници кои биле уапсени од почетокот на војната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...