понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Катар | 57 резултати

Израел и САД ги напуштија преговорите за прекин на огнот во Газа кои се одржуваат во Катар

25 јули 2025

Израелските и американските преговарачи одлучија да ги напуштат разговорите за прекин на огнот кои се одржија во Газа во главниот град на Катар, Доха, а Вашингтон го обвини Хамас дека не „дејствува со добра намера“, пренесува Би-Би-Си. Во соопштението, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, рече: „Одлучивме да го донесеме нашиот тим дома од Доха […]

Израел испрати делегација во Катар на разговори со Газа пред патувањето на Нетанјаху во САД

6 јули 2025

Израелска делегација замина во Катар на разговори за можен договор за заложници во Газа и прекин на огнот, изјави израелски функционер, неколку часа пред премиерот Бенјамин Нетанјаху да замине во Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс. Се зголемува јавниот притисок врз Нетанјаху да обезбеди траен прекин на огнот и […]

Лидерот на Хамас пристигна на преговори во Египет

20 декември 2023

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех пристигна во Египет за да се сретне со египетски посредници во преговорите со Израел. Се смета оти ќе се преговара околу воведување примирје во Газа, известува Би-би-си. Ханијех, инаку, живее во Катар. Според Гардијан, средби меѓу премиерот на Катар и високо рангирани членови на ЦИА поминале „позитивно“. Сепак, еден од […]

Израел и Хамас се согласија на привремено примирје за да се ослободат 50 заложници

22 ноември 2023

Откако функционери на Хамас и САД изминатите денови изјавија дека договор за привремено примирје во Газа е на дофат, Израел потврди дека стигнале до договор со Хамас, кој би вклучувал размена палестински затворенизи во Израел за заложниците кои Хамас ги заробија за време на нивниот на напад врз Израел на 7 октомври, известува Би-би-си. Според […]

Израелските сили го бомбардирале домот на лидерот на Хамас

16 ноември 2023

Израелските одбранбени сили (IDF) најавија дека со воздушен напад го нападнале домот на Исмаил Ханијех, кој се смета за лидерот на Хамас, известува Би-би-си. Според IDF, домот служел како база за терористите. Сè уште се откриваат детали за нападот. Ханијех моментално живее во Катар, а во 2006 година служел како премиер на Палестина. Моментално го […]

По Катар – Катаргејт: „Секое чудо за три дена“ или кон системски решенија

29 декември 2022

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили останува во притвор. Ова е неодамнешната одлука на Белгискиот суд. Каили е обвинета кон средината на месецов за корупција, учество во криминална организација и перење пари, со уште петмина други обвинети. Случајот е поврзан со влијание на одлуки за неодамнешното одржување на светското првенство во фудбал во Катар. […]

ЕП ја разреши Каили од потпретседателската функција поради аферата за корупција

13 декември 2022

Европскиот парламент (ЕП) денеска со 625 гласа „за“, 1 „против“ и 2 „воздржани“ денеска ја разреши потпретседателката на парламентот Ева Каили, по нејзиното приведување од белгиската полиција поради сомнежи за корупција, односно примање пари и подароци од организаторот на Светското фудбалско првенство во Катар, соопшти ЕП. Каили во ЕП влезе како независна пратеничка од Грција. […]

Лажно видео тврди дека Украинци во Катар биле уапсени, бидејќи користеле нацистички поздрав

4 декември 2022

Станува збор за пост во којшто е споделено лажно видео со цел да создаде погрешна слика во јавноста. Украински навивачи не биле уапсени во Катар, а уште помалку затоа што ширеле нацистички симболи. Анализата на видеото покажува дека во него се користени стари фотографии, направени неколку месеци пред Светското првенство, како и неколку манипулативни слики. […]

Иранските фудбалери одбија да ја пеат химната на Светското првенство во знак на поддршка за протестите

22 ноември 2022

Фудбалерите на Иран одбија да ја пеат националната химна пред нивниот прв натпревар на Светското првенство во фудбал против Англија, во знак на солидарност со нивните сограѓани кои се дел од протестите во нивната татковина. Би-би-си пишува дека за време на изведувањето на химната, додека фудбалерите на Иран молчеле, дел од иранските фанови довикувале со […]

ФФМ повика на прослава: Се гледаме денеска на плоштад „Македонија“

25 март 2022

Фудбалската федерација на Македонија преку Фејсбук денеска ги повика граѓаните повторно да се соберат на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Прославата за дочекот на репрезентацијата на Македонија попладнево ќе започне во 18:30 часот. Според досегашните информации, фудбалската репрезентација на Македонија ќе пристигне околу 17:30 часот со летот од Палермо, по што фудбалерите ќе се […]

(Фото) Незаборавен триумф над Исланд на Македонската фудбалска репрезентација

14 ноември 2021

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го победи Исланд со 3 – 1. Со овој резултат кој е еден од најуспешните мундијалски квалификации од осамостојувањето нашите момци се изборија за пласман во баражот за Светското првенство во 2022 година во Катар. Македонија поведе во седмата минута со голот на Езџан Алиоски. Исланд израмни во 54 […]

Дали може да им се верува на апликациите за ковид-19?

26 јули 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот портал за проверка на фактите polygraph.info […]

Катар ги укина визите за Македонија – од денеска може да се престојува и до 30 дена

9 август 2017

Катар денеска соопшти дека ги укинува визите за државјаните на 80 земји, меѓу кои и Македонија, за да ги стимулира туризмот и авиосообраќајот. Одлуката веднаш стапува на сила. Одлуката доаѓа неполн месец отако  македонскиот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски, соопшти дека Македонија е ставена на листата на земји со олеснат визен режим. Од […]

Ердоган: Никому не му е во интерес продолжувањето на катарската криза

23 јули 2017

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул изјави дека „никому не му е во интерес“ да продолжи кризата во Персискиот Залив. Говорејќи пред почетокот на неговата дводневна поста на Катар и на Саудиска Арабија по повод дипломатската криза во регионот, Ердоган истакна дека веќе никој нема каков било интерес за пролонгирање на кризата. Претседателот на […]

Од денеска ќе има редовни летови помеѓу Скопје и Доха

17 јули 2017

Од денеска ќе се воспостави редовна авиолинија помеѓу Скопје и Доха, а на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се очекуваат да пристигнат првите патници од Доха, информираат од „ТАВ Македонија“. Во петокот на скопскиот аеродром се промовираа уште три нови авиолинии и тоа до Малта, Рим и до Ваксјо. Во првите шест месеци од годинава забележан […]

Египет, Саудиска Арабија, УАЕ и Бахреин одлучуваат за судбината на Катар

5 јули 2017

Министрите за надворешни работи на Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и на Бахреин во Каиро имаат состанок за катарската криза. На состанокот ќе разговараат за реакцијата на Катар на 13 барања што четирите заливски држави ѝ ги доставија на Доха. Саудиска Арабија. Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 јуни објавија дека ги прекинуваат […]

Катар ги отфрли барањата на арапските земји, оценувајќи ги како максималистички

2 јули 2017

Катар ги отфли барањата на арапските земји, поставени како услов за деблокада на дипломатските односи, оценувајќи ги како максималистички и насочени против суверенитетот на земјата. Списокот со барања, меѓу кои се и затворање на телевизијата „Ал Џезеира“, прекин на односите со Иран и затворање на турската воена база во Катар, ѝ беше доставен на Доха […]

Путин разговарал со катарскиот емир за решавање на заливската криза

1 јули 2017

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговарал со катарскиот емир, Тамим бин Хамад ал Тани, околу решавањето на дипломатската криза во односите на Катар со заливиските земји, соопшти Кремљ. „Лидерите во текот на телефонскиот разговор долго зборуваа за кризата во односите на Катар со соседните земји. Путин го нагласи значењето на вложувањето дипломатски напори за решавање […]

Арапските земји испратија листа со барања до Катар, вклучувајќи и затворање на „Ал Џезеира“

23 јуни 2017

Четирите арапски држави кои воведоа санкции кон Катар поради наводна поддршка на тероризмот, ѝ испратиле на Доха 13 барања, вклучувајќи и затворање на телевизијата „Ал Џезеира“ и намалување на врските со Иран, изјавил официјален претставник на една од четирите држави. Листата со барањата, како што пренесуваат светските агенции, ја составиле Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, […]

Масовна тепачка меѓу арапски магнати пред кризата во Катар

17 јуни 2017

Делегации од Катар и од Саудиска Арабија направиле тепачка на конференцијата на Унијата на работници од нафтената област што се одржуваше во Кувајт. Видеоснимката ја објави ирачкиот политичар Валид ел Азави. Според него, инцидентот се случил на 20 март оваа година, на маргините на настанот. Саудиските нафтени претставници почнале да ги навредуваат своите катарски колеги, […]

Страна 1 од 3