fbpx

В понеделник Фондот за здравство стапува во штрајк

Како што се вели во соопштението на ФЗОМ, сите подрачни единици на фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи

-

Од понеделник синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк. Како што се вели во соопштението на ФЗОМ, сите подрачни единици на фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи.

Само по еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи. Вработените се заблагодарија за досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на работниците во ФЗОМ и имаат разбирање за нивниот проблем со платите.

Вработени од ФЗО минатиот понеделник се собраа пред просториите на Фондот изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите.

„Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент“, изјави претседателот на Синдикалната организација на ФЗО Бранко Аџигогов.

Од Министерството за финансии ги демантираа овие информации, со тврдење дека согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор, односно кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО изнесувало околу 25 проценти.

„Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните“, стоеше во соопштението на Министерството за финансии.

В понеделник во 11.30 часот Синдикалната организација на ФЗО ќе одржи прес-конференција пред просториите на Фондот за да ги образложи подетални причините за штрајкот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...