Таг: штрајк
таг: штрајк
Неделков: Ако не ни ги покачат платите, ќе има генерален штрајк кој ќе трае со денови
Ако надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) и Владата, не ги послушаат нашите барања за зголемување на платите на наставниците, со што би се вратило достоинството на професијата, во октомври ќе организираме генерален штрајк кој ќе трае со денови, се` до исполнување на барањата.
Ова за „Мета“ го изјави Јаким Неделков претседателот на Синдикатот за образование, наука и...
Прилепскиот загубар „Еуроинвест“ ќе прогласи технолошки вишок
Прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ до крјаот на овој месец ќе ја објави листата на вработени кои што ќе бидат прогласени за технолошки вишок. Според вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев ова е една од мерките за консолидација на овој прилепски загубар со околу 260 вработени, кои што со децении живеат во агонија за својата работна судбина.
„Оваа компанијата се соочува со сериозни...
Грчките бродови нема да пловат поради штрајк на Поморската федерација
Грчките бродови останаа закотвени на пристаништата утринава, поради најавата за 24-часовен штрајк на Поморската федерација на Грција.
Причината за штрајкот, кој може да продолжи и следните денови, се колективните договори за екипажите на бродовите.
Вработените бараат зголемување на платите за пет отсто, додека пак од компаниите предложиле зголемување за еден отсто годинава и уште еден отсто од први јуни 2019, нешто...
МВР: Поради штрајкот во Грција утре ќе има застој на граничните премини
Министерството за внатрешни работи денеска добило известување од грчките гранични полициски служби дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини кон Грција ќе биде во застој.
На граничниот премин Меџитлија утре од 00.00 часот до 24.00 часот, на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и...
Грчките синдикати најавуваат 24-часовен штрајк на јавниот и приватниот сектор
Најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за утре закажаа генерален 24-часовен штрајк, што ќе ја парализира цела Грција, јавува новинската агенција МИА.
Проблеми ќе има во авионскиот, железничкиот и бродскиот превоз, а нема да се емитуваат ниту вести и информативни емисии поради учеството на новинарите во штрајкот.
Грчките авиокомпании откажале или презакажале дел од летовите, а бродовите...
Вработените во „Колска“ блокираа возови поради неисплатени плати
Вработените на фабриката за шински возила „Колска“ утрово од 7 до 9 часот ја блокираа Железничката станица во Велес, поради доцнењето на платите и тоа со месеци, јави СДК.
За време на двочасовниот штрајк беше блокиран патничкиот воз од Скопје за Битола, кој поради тоа доцнеше 90 минути. Работниците велат дека штрајкуваат и поради тоа што неодамна им било соопштено...
Околу 70.000 работници од 80 компании во Германија штрајкуваат за повисоки плати
Околу 70.000 работници во Германија од 80 компании, помеѓу кои и „Фолксваген“, „Форд“, „МАН“ штрајкуваат, а до утре, бројката на компании во кои работниците ќе прекинат со работа ќе се зголеми на 260, јавуваат германските медиуми.
Синдикатот на работниците „ИГ метал“ бара зголемување на платите од осум проценти за 3,9 милиони работници во металскиот и инженерскиот сектор.
Штрајковите, компаниите би можеле да...
Железничарите го откажаа штрајкот, ќе почекаат на ноемвриската плата
Вработените во Македонски железници - Транспорт, се договориле да го одложат штрајкот кој претходно го договорија за утре, поради најавата од раководството на претпријатието и на Владата дека неделава ќе им биде исплатена целата плата за ноември.
Пред извесно време, со штрајкот кој траеше три дена, вработените во МЖ - Транспорт издејствуваа да им биде исплатена втората половина од платата...
ЕЛЕМ и МЕПСО ќе дадат заем за исплата на заостанатите плати во Македонски железници
На својата 44 седница вечерва, Владата меѓу другите точки направила подготовки за проект за транспортно и трговско поврзување на Западен Балкан, како и прифатила одлуки на двете државни енергетски претпријатија, ЕЛЕМ и МЕПСО, со кои му позајмуваат пари на АД Македонски железници - Транспорт, соопшти секторот за информирање на Владата.
Со тие позајмици, се обезбедени пари за неисплатените плати за...
Железничкиот сообраќај е нормализиран, вработените го прекинаа штрајкот
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е нормализиран, откако попладнево, на вработените во „МЖ-Транспорт“, им беше исплатена платата за октомври.
Денеска, со менаџерскиот тим на компанијата се сретнаа вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Од Министерството за транспорт и врски информираа дека денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе се обезбеди дел од потребните пари...
Министерството за транспорт и врски до утре исплати дел од платите во МЖ-Транспорт
Министерството за транспорт и врски (МТВ) денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе обезбеди дел од потребните пари за покривање на загубите за патнички сообраќај во Македонски Железници - Транспорт, но вработените треба во најбрз рок да овозможат повторно да профункционира железничкиот сообраќај.
Ова го соопштиле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната...
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај се во прекин, поради штрајк на работниците
Железничкиот товарен и патнички сообраќај се во целосен прекин, бидејќи вработените штрајкуваат и си го бараат вториот дел од платите за октомври.
Вчера, од „МЖ-Транспорт“ информираа дека најпрво беше прекинат товарниот сообраќај, а патничкиот, од синоќа на полноќ.
Нема информација до кога возовите нема да сообраќаат и дали барањето на вработените ќе биде исполнето, што е услов за прекин на штрајкот.
Сообраќајот кон Грција денеска во прекин поради штрајк на грчките цариници
Денеска ќе биде во прекин сообраќајот за сите видови возила на границата помеѓу Македонија и Грција, освен за пешаци, поради штрајк на грчките царински служби, информираат од Министерство за внатрешни работи.
„Прекинот на сообраќајот на граничниот премин Богородица ќе биде од 6 часот утре до 6 часот, на Меџитлија од 6.30 часот до истиот термин на 20 октомври, а на...
Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк
Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк поради недоволното кофинансирање на нивното здравствено, пензиско и социјално осигурување, што е резултат на мерките на штедење што кредиторите ги побараа од грчката влада.
Поради штрајкот, сите радио и телевизиски станици утринава во шест часот го прекинаа емитувањето програма, порталите не се ажурираат, а весниците утре нема да излезат.
Најголемото грчко здружение на новинари, ЕСИЕА,...
Анѓушев: Обезбедени се средства за плати и за нормално работење на „Колска“
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на новинарското прашање во врска со штрајкот на работниците во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, извести дека проблемот е надминат и дека е најдено подолготрајно решение за функционирање на компанијата.
- По вчерашниот штрајк на работниците од „Колска“, утринава лично бев во фабриката за да се видам со работниците и да им потврдам...
Штрајк на вработените во Мекдоналдс во Велика Британија
Синџирот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ се соочува со првиот штрајк на вработените во Велика Британија. На две локации вработените престанаа со работа поради договорите за работа без утврдена саатница и лошите работни услови.
Вработените во Кембриџ и во Крејфорд, во југоисточниот дел на Лондон, на полноќ почнаа 24-часовен штрајк.
Синдикатот го оценил како храбар потегот на вработените.
Синдикатот на пекарските работници соопшти...
Работниците на аеродромите во Шпанија најавуваат штрајк
Работничкиот синдикат на шпанската компанија за управување со аеродромите „Аена“, денеска најави дека ќе штрајкува 25 дена поради немање напредок во преговорите за поголема плата за вработените и подобри работни услови.
Доколку наредните недели не се постигне напредок, штрајковите ќе почнат од средината на септември и ќе бидат организирани за викенди и во деновите кога се државни празници до крајот на...
Компанијата „Фиат“ и синдикатот постигнаа договор, работниците го прекинаа штрајкот
Раководството на компанијата „Фиат“ и синдикатот потпишаа договор со што се стави крај на штрајкот во фабриката во Крагујевац.
За време на разговорите било договорено зголемување на платите во согласност со стапката на инфлација, која ја проектирала Народна банка на Србија за наредните три години.
Исто така, било договорено исплата на новогодишен бонус во август, а остатокот да биде исплатен во...
„Фиат“ на вработените во Крагуевац им понуди зголемување од девет отсто, синдикатот прифати
Менаџментот на „Фиат“ на работниците во фабриката во српскиот град Крагуевац им понуди зголемување на платата од девет отсто, а синдикатот тоа го прифатил, јави Радио-телевизија на Србија.
Понудата која е дадена на синдикатот, а денеска ќе биде проследена на вработените во компанијата „Фиат Крајслер автомобили Србија“ е за зголемување на бруто-основицата од сегашните 38.500 српски динари (319 евра, според...
Вработените во „Колска“ блокираа возови во Велес
Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ во Велес изутринава го блокираа железничкиот сообраќај. На железничката станица во Велес, утрово штрајкувачите блокираа четири патнички возови, три домашни и еден меѓународен, кои од 7 до 9 часот стоеја на станицата во Велес.
Вработените тврдат дека блокадата на сообраќајот е единствениот начин да извршат притисок врз „МЖ - Транспорт“ и врз Министерството за...