fbpx

Вработените во Државниот испитен центар повторно ќе штрајкуваат

ДИЦ бил во континуирани преговори со Министерството за финансии, при што биле предложени и доставени на одобрување повеќе можни решенија, но за жал ниту едно не било прифатено

-

Синдикатот на вработени од Државниот испитен центар (ДИЦ) одлучи да го продолжи генералниот штрајк кој беше ставен во мирување во мај оваа година, информираат од синдикалната организација во ДИЦ.

„Вработените во ДИЦ излегоа во пресрет на матурантите и во многу кратки рокови со надчовечки напори ја реализираа навремено и успешно државната матура како и другите процеси и активности во надлежност на ДИЦ. Надлежните институции кои беа задолжени да најдат решение за нашиот долгогодишен проблем со платите потфрлија“, стои во соопштението од овој синдикат

Откако штрајкот бил ставен во мирување, ДИЦ бил во континуирани преговори со Министерството за финансии, при што биле предложени и доставени на одобрување повеќе можни решенија, но за жал ниту едно не било прифатено.

„Активности кои се спроведуваат во овој период во ДИЦ, а чија реализација ќе биде доведена во прашање се: стручниот испит за наставници и стручни соработници (пријавени 700 кандидати), основната обука за кандидати за директори, напредните обуки за директори, меѓународните тестирања, а доколку овој проблем не се реши повторно ќе биде доведена во прашање и државната матура која со своите активности започнува од 1.1.2024 година“, стои во соопштението од синдикатот.

Вработените од Државниот испитен центар во мај годинава стапија во штрајк со барање за покачување на платите. Штрајкот траеше неколку недели, но на крајот минатата учебна година сепак беше реализирана државната матура.

Поради штрајкот во ДИЦ, полагањето на државната матура доведено под знак прашање

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...