среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Државен испитен центар | 38 резултати

Вработените во Државниот испитен центар повторно ќе штрајкуваат

11 декември 2023

Синдикатот на вработени од Државниот испитен центар (ДИЦ) одлучи да го продолжи генералниот штрајк кој беше ставен во мирување во мај оваа година, информираат од синдикалната организација во ДИЦ. „Вработените во ДИЦ излегоа во пресрет на матурантите и во многу кратки рокови со надчовечки напори ја реализираа навремено и успешно државната матура како и другите […]

Учениците полагаат меѓународни тестови на лаптопи што ги разнесува Државниот испитен центар

20 октомври 2023

Меѓународните тестови кои се полагаат на светско ниво од страна на нашите ученици, како што се ПИРЛС, ТИМСС и ПИСА, се решаваат на лаптопи кои во училиштата им ги носат вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ), бидејќи мнозинството училишта во државата немаат компјутерска опрема. Сите организации кои ги организираат овие обемни меѓународни тестирања, во кои […]

ДИЦ: Тестовите од државната матура не се пробиени, апелиравме да се почитуваат правилата

10 јуни 2023

Тестовите од државната матура подготвени од Државниот испитен центар (ДИЦ) не се пробиени, туку прашањата се споделени откако испитот започнал, соопшти попладнево ДИЦ. Нивната реакција следува откако повеќе медиуми денеска објавија оти наводно тестовите по англиски јазик од испитот на зрелоста биле „пробиени“ и споделени во групи на апликацијата Вибер. „Должност и обврска на ДИЦ […]

Матурантите денеска полагаат англиски јазик и математика, надлежните предупредуваат да не се препишува

10 јуни 2023

Вкупно 13.922 матуранти во земјава денеска полагаат англиски јазик, како задолжителен предмет од полагањето државна матура. Многу помал е бројот на кандидати кои се пријавиле за полагање на останатите странски јазици, а математика избрале да полагаат 1.397 ученици. Деновиве меѓу учениците и професорите, се споделува допис испратен од Државниот испитен центар (ДИЦ), во кој пишува […]

Сојуз на средношколци: Државата има законска обврска да ја спроведе државната матура во предвидениот рок

12 мај 2023

Одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука македонската држава е должна истата да ја спроведе во законски предвидениот рок, реагира Сојузот на средношколци откако вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) вчера најавија дека ќе продолжат со штрајкот, со што одржувањето на матурата во предвидениот рок се доведе до прашање. Средношколскиот сојуз вели дека […]

Поради штрајкот во ДИЦ, полагањето на државната матура доведено под знак прашање

11 мај 2023

Продолжува штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), институцијата која е единствената одговорна за организација и реализација на државната матура. Ваквата одлука штрајкувачите ја донеле откако вчера имале неуспешни преговори во Владата со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и откако не постигнале договор за да добијат повисоки плати. Штрајкот трае веќе трета недела. […]

Матурските тестови не се испечатени, нема да се стаса за полагањето на 27 мај

8 мај 2023

Се бараат нови датуми за полагање државна матура. Штрајкот за поголеми плати на вработените во Државниот испитен центар, го одложува полагањето на првиот екстерен испит по мајчин јазик, кој согласно календарот за матура, треба да се случи на 27 мај. Како што денеска во изјава за медиумите кажа Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и […]

Без положена матура, нема упис ниту на македонски ниту на странски универзитет

4 мај 2023

Државната матура е услов за упис на универзитет и во земјава, но и на странски универзитети. Тоа што процесот е во застој и организацијата на испитот на зрелоста е стопирана, ги загрижува матурантите кои планираат своето високо обазование да го продолжат надвор од земјата каде што уписите главно се организираат во јуни. Доколку нема државна […]

Прекинато тестирањето за ТИМСС поради штрајкот во Државниот испитен центар

2 мај 2023

Штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го прекина меѓународното истражување ТИМСС, во кое требаше да учествуваат вкупно 4.500 ученици од Македонија. Овој процес, во кој требаше да се види какви се знаењата на нашите ученици по предметот математика и по други предмети од областа на природните науки, е врзан со рокови и мора […]

Вработени во Државниот испитен центар се закануваат дека ќе нема државна матура ако не им се покачат платите

25 април 2023

Вработени во Државниот испитен центар, кои се членови на Синдикалната организација, денеска најавија стопирање на сите процеси кои ги работат, вклучително и подготовките за претстојната државна матура. Во изјава за медиумите пред просториите на ДИЦ, Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и советничка во Државен испитен центар, кажа дека се обратиле за решение на проблемот […]

ДИЦ: Комисиите што ги прават тестовите за матура ги имаат предвид случувањата со дојавите

16 март 2023

Членовите на испитните комисии, кои ги прават прашањата односно испитниот материјал за екстерните предмети во рамки на државната матура, ги имаат предвид случувањата во училиштата во изминатиот период. Ова е одговорот што го добивме од Државниот испитен центар на прашањето, дали ќе се крати од материјалот за учење поради изгубената настава што ја предизвикаа лажните […]

Во април околу 4.500 ученици за прв пат електронски ќе бидат тестирани за ТИМСС

11 март 2023

Во април и во мај, околу 4.500 ученици од Македонија годинава за прв пат електронски ќе бидат тестирани за да се види какви им се знаењата по предметот математика и по други предмети од областа на природните науки, информираат за Мета.мк од Државниот испитен центар (ДИЦ). ТИМСС (Trends in International Mathematics and Science Study) е […]

Павиќевиќ: Дојавите за бомби нарушија дури 10 наставни недели од првото полугодие

30 јануари 2023

Вкупно 10 работни недели од првото полугодие биле нарушени поради лажните дојави за поставени бомби, а повеќето училишта не ги надоместија пропуштените часови и не го поминаа материјалот. Ова вчера го утврдиле делегатите на генералното собрание на Сојузот на средношколци. Како што вели претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, покрај лажните дојави и пропуштената настава, тие […]

Дојавите за бомби можно е да го скратат материјалот за учење, матура ќе се полага на 27 мај

26 јануари 2023

Државниот испитен центар (ДИЦ) објави дека испитот на зрелоста годинава матурантите ќе го полагаат на 27 мај и на 10 јуни. Она што останува во моментов отворено како прашање, е дали надлежните ќе го скратат материјалот за учење поради часовите што учениците ги изгубија заради лажните дојави, но и заради продолжениот распуст. Иако министерот за […]

Утре на пладне ќе се објават резултатите од матурскиот испит, успехот подобар од лани

30 јуни 2022

Утре во средните училишта низ државата ќе бидат објавени прелиминарните резултати од полагањето на државната матура, информираат во Државниот испитен центар. Оттаму велат дека резултатите годинава се подобри од оние од минатата година, иако критериумите годинава беа построги, односно прагот на освоени минимум поени е повисок. „Во вторникот се состанаа членовите на државниот матурски одбор. […]

Започна државното тестирање, се проверува колку учениците се функционално писмени

1 јуни 2022

Во 79 училишта на македонски и на албански наставен јазик, денеска започна државното тестирање на основците, кое за прв пат се организира во нашата земја. Годинава државен тест полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега ваков тест да полагаат само третоодделенците, в година – и третоодделенците и петтоодделенците, а потоа ќе бидат […]

„Младите размислуваат“, нов проект за зајакнување на медиумската писменост кај учениците

30 мај 2022

Државниот испитен центар (ДИЦ) денес потпиша Меморандум за разбирање и соработка со проектот на УСАИД за зајакнување на медиумската писменост кај младите, „Младите размислуваат“. „Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи да се зајакне соработката меѓу Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и ДИЦ во процесот на следење на вештините на учениците во основните […]

Сѐ е подготвено за првото државно тестирање во училиштата на 1 јуни

30 мај 2022

Околу 4.200 ученици во државата, на 1 јуни за прв пат ќе полагаат државни тестови, кои се дел од државното тестирање кое го спроведуваат образовните власти. Процесот го организира и реализира Државниот испитен центар (ДИЦ). Годинава, државен тест ќе полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега ваков тест да полагаат третоодделенците, в […]

Како ќе се полага државната матура погледнете во новата епизода на „Шорткат“

26 мај 2022

За државна матура, која е услов за упис на факултет, годинава се пријавиле безмалку 16.000 ученици. На испитите што претстојат нема да бидат опфатени материјалите што не им беа предадени на учениците поради штрајкот на наставниците. За тоа што ги очекува учениците во завршна година во новата епизода на „Шорткат“ зборува Елизабета Наумовска, директорка на […]

Се подготвуваат неколку различни матури за средношколците, ќе се полага и академски тест на знаење

14 септември 2021

Нова предлог-концепција за државна матура сработила работната група изминатиов период, која сега е на потпис кај министерката за образование и наука Мила Царовска. Клучната промена е во тоа што од идната учебна година, учениците во завршна година ќе имаат различни матури, односно матурата во гимназија нема да иста со онаа во средното стручно образование. – […]

Страна 1 од 2