среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Државен испитен центар | 38 резултати

Наумовска: Матурантите препишувале на државната матура

јули 5, 2021

Делови од текстови или цели текстови препишувале матурантите посебно по предметот англиски јазик, а тоа го евидентирале оценувачите на тестовите, рече денеска  Елизабета Наумовска, директорката на Државниот испитен центар. Додека се чекаат официјалните извештаи на оценувачите кои треба да напишат што сè регистрирале, Наумовска рече дека тие нотирале препишани текстови. Инаку вкупниот среден успех кој […]

Сè е подготвено за спроведување на државната матура, на 5 јуни ќе се одржи првото полагање

јуни 2, 2021

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите – два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и […]

Предметите од државната матура ќе се полагаат од 5 до 28 јуни

мај 19, 2021

Државниот испитен центар ги објави датумите кога матурантите годинава ќе ги полагаат предметите од државната матура. Оваа учебна година за државната матура се имаат пријавено 15.294 матуранти. Од нив 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 се од средно стручно образование и 261 се од средно уметничко образование. Матурантите на 5 јуни ќе го полагаат задолжителниот […]

ДИЦ: Обврските од договорот за државна матура ќе бидат исполнети во целост

април 19, 2021

Денеска Државниот испитен центар (ДИЦ) информираше дека обврските произлезени од заедничкото решение на Владата на РСМ и Сојузот на средношколци за спроведувањето на државната матура, ќе бидат исполнети во целост од надлежните институции и образовните установи, откако Сојузот на средношколци реагираше дека во дел од средни училишта не се почитува договорот. „Насоките наведени во известувањето […]

Сојузот на средношколци тврди дека во дел од средните училишта не се почитува постигнатиот договор за државна матура

април 19, 2021

Сојузот на средношколци испрати предупредување до премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука, Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Наумовска, за како што велат, загриженоста околу непочитувањето на веќе постигнатиот договор за државната матура од страна на дел од средните училишта во земјава. Како што информираат од Сојузот, прекршена била точката од […]

Наумовска: Мора да се самооцениме за да знаеме каде сме „слаби“ и што да менуваме

март 19, 2021

Четири илјади третоодделенци во мај ќе полагаат тестови кои ќе ги подготват државните образовни институции, а резултатите треба да покажат кои се грешките во системот што ќе треба во иднина да се поправаат. Ова сега ќе биде пилот-тестирање, а од идната година вакви тестови ќе полагаат учениците во трето, петто и во деветто одделение. Елизабета […]

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата од второто полугодие

јануари 19, 2021

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија соопшти дека заедно со матурантите ќе ја бојкотира наставата од второто полугодие која започнува во четврток, 21 јануари, се додека нивните барања не бидат прифатени од образовните институции. Тие бараат на државната матура да има испити по два предмети, по примерот на Франција, со што задолжителен прв предмет […]

Воведени се два нови изборни предмети во државната матура која ќе се полага од 29 мај до 14 јуни

ноември 24, 2020

Државниот испитен центар ги објави датумите за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2021 година. Екстерните испити од државната матура по македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература ќе се полагаат на 29 мај. Англиски, француски, германски и руски јазик ќе се полагаат на 5 јуни 2021. […]

Наумовска: Учебната година да почне од 15 септември, а наставниот час да трае 30 минути

август 14, 2020

Министерството за образование и наука предлага наставниот час во основно образование да трае 30 минути, а во средно образование – 35 минути, вели заменичката-министерка за образование и наука Елизабета Наумовска во интервјуто за Мета во кое ги објаснува новите предлози на ова министерство. Сите овие предлози се веќе во завршна фаза и сега за нив […]

500 оценувачи прегледуваат тестови на 15.553 матуранти

јуни 25, 2019

Околу 500 оценувачи-професори по предметите кои беа дел од државната матура, деновиве ги прегледуваат тестовите што матурантите ги полагаа од почетокот на овој месец. Во Државниот испитен центар (ДИЦ) информираат дека според правилникот, резултатите треба да се објават до 13 јули. – Но, правиме напори учениците да ги имаат резултатите пред овој датум – кусо […]

За шест години, 3.736 матуранти помалку

мај 30, 2019

Државна матура годинава се пријавиле да полагаат 15.553 ученици во државата. Пред шест години, односно во 2013 година, оваа бројка била 19.289, што покажува дека за овој период, бројот на ученици кои го полагаат овој испит, што е услов за упис на факултет, се намалил за 3.736 матуранти. Во 2015 имало 17.600 пријавени ученици, а […]

Есејот по македонски јазик за државната матура за прв пат ќе биде на слободна тема

мај 10, 2019

Учениците во четврта година периодов се подготвуваат за полагање на државната матура. Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе објави на кои датуми ќе се одржат тестирањата. Првиот тест по странски јазик ќе се полага на 1 јуни, а мајчин јазик ќе се полага на 8 јуни. Новина годинава е тоа што по предметот мајчин јазик, учениците […]

На државната матура во јуни, просечната оценка е 3,39

јули 6, 2017

На годинашната државна матура, која ја спроведуваше Државниот испитен центар, од пријавените 16.426 матуранти постигната е просечна оценка од 3,39, соопштија од испитниот центар на денешната презентација на резултатите. Просечната оценка годинава е малку полоша од лани, кога изнесувала 3,42, а во 2015 година оценката била малку послаба од годинашнава, и изнесувала 3,37. Во 2014 […]

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање

мај 6, 2017

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање за учениците од основно и од средно обрзование на веб-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај, а тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците ќе полагаат два предмети кои ќе ги дознаат три дена пред тестирањето. Прелиминарните резултати треба […]

Страна 2 од 2