„Младите размислуваат“, нов проект за зајакнување на медиумската писменост кај учениците

Фото: УСАИД

Државниот испитен центар (ДИЦ) денес потпиша Меморандум за разбирање и соработка со проектот на УСАИД за зајакнување на медиумската писменост кај младите, „Младите размислуваат“.

„Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи да се зајакне соработката меѓу Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и ДИЦ во процесот на следење на вештините на учениците во основните и средните училишта во областа на медиумската писменост и користењето на критички пристап кон информациите,“ изјави директорот на проектот Михајло Лахтов.

„Младите размислуваат“ има за цел развивање на вештини за медиумска писменост и критичко размислување кај младите преку формалното и неформалното образование и е клучен за анализирање на вештините на учениците од различни возрасти во областа во сферата на медиумската писменост, како и нивните способности аналитички и критички да ги восприемаат медиумските содржини.

Државниот испитен центар во рамките на своите надлежности меѓу другото е задолжен за мерење на постигањата на учениците. Во меѓународните студии (ПИСА, ТИМСС, ПИРЛС) кои ги спроведуваме во Република Северна Македонија има прашања и задачи кои се поврзани со медиумска писменост. Исто така, и во државното тестирање се вклучени прашања и задачи поврзани со овие области, а се дел од наставните
програми“, посочи директорката на Државниот испитен центар, м-р Елизабета Наумовска.

Сѐ е подготвено за првото државно тестирање во училиштата на 1 јуни

Проектот веќе потпиша Меморандум за соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а истиот е спроведен од страна на Меѓународниот одбор за истражување и размена (ИРЕКС) во соработка со локалните партнери Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ), а финансиски е поддржан од УСАИД.