вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: проект | 142 резултати

Автопатот Кичево – Охрид затрупан во свлечишта, ни по една деценија не се гледа крајот

13 февруари 2024

Наспроти оптимизмот што го ширеше власта дека од јануари оваа година до Охрид ќе се возиме по нов автопат, последните информации не влеваат надеж дека историската автопатска делница ќе биде завршена во скоро време. Пред автопатот Кичево-Охрид долг 57 километри, кој започна да се гради во февруари 2014 година во времето на власта предводена од […]

Мета факт: Градоначалникот Стојкоски засега не го оствари ветениот проект за млади програмери

31 јануари 2024

Александар Стојкоски, актуелниот градоначалник на општината Ѓорче Петров, во својата предизборна програма за работа, вети дека ќе организира натпревар за млади програмери кои треба да се натпреваруваат во изработка на апликации. Сепак, досега овој проект не е реализиран и до овој момент не се прават подготовки за организација на истиот, па оттаму ова ветување го […]

Состојбата со насилството на младите е нестабилна – завршна конференција на проектот „Младите против насилство“

5 декември 2023

Повеќе од 70 отсто од испитаниците го делат ставот дека најчест тип насилство кај младите е врсничкото насилство, а речиси 60 отсто од нив сметаат дека тоа е меѓуетничкото насилство. Ова го покажуваат резултатите од спроведеното истражување за „Состојбата со насилство на младите во С. Македонија“. Истражувањето е направено во рамки на проектот „Платформа за […]

Одбиена жалбата за наградата „Роман на годината“, за проектот државата издвоила само 56.000 денари

17 јули 2023

Одбиена е жалбата на Фондацијата „Славко Јаневски“, која била поднесена до Министерството за култура, за малкуте доделени пари за „Роман на годината“, соопштија денеска во Фондацијата. Министерство за култура, за наградата „Роман на годината“ за 2022 одредило сума од 55.965 денари, а лани на истиот конкурс, со решение на истото Министерство, за проектот биле доделени […]

Холандија се откажа од финансирање на проект за Судскиот совет: „Тоа е нелегитимно тело“

28 мај 2023

Холандија стави во мирување голем проект со Судскиот совет, изјави во интервју за Радио Слободна Европа холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Тој, оценувајќи ги последните случувања во советот рече дека тој се претворил во нелигитимно тело. „Сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој. Сега го имаме […]

Грижа и поддршка ќе добиваат децата со прележан канцер во центарот што ќе се гради во Кучково

15 декември 2022

На површина од над 650 квадратни метри, старото училиште во Кучково ќе се адаптира во регионален центар наменет за деца кои се излекувале од канцер. Во овој простор ќе има комплетно опремени соби за престој на 20 деца со 20 родители. Сепак, треба да се има предвид дека е потребно време да се реконструира и […]

Во духот на младинското учество се затвори Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција

21 септември 2022

На 21 септември 2022 година, беше организиран настан за официјално затворање на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ). Затворањето симболично се одржа денеска на Меѓународниот ден на мирот, кој има посебно значење за Проектот и секоја година […]

Институциите сè уште објавуваат податоци во форма на скениран ПДФ документ

30 август 2022

Ако вработените во институциите поминале обуки и се обучени за отворени податоци и за процесот на објавување на истите, како и за напредните технички аспекти, тогаш тие знаења треба да ги применуваат во пракса, на работното место. Ова е ставот на проф. д-р Иван Чорбев, декан во заминување на Факултетот за информатички науки и компјутерско […]

Нови 40 општини ќе бидат дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“

12 јули 2022

Во втората фаза на проектот „Зајакнување на општинските совети“ во наредните пет години ќе се реализираат низа активности за поттикнување на развојот на 40 општини и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во локалните заедници, соопшти денес Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Според планираното, за остварување на овие цели ќе се работи […]

„Младите размислуваат“, нов проект за зајакнување на медиумската писменост кај учениците

30 мај 2022

Државниот испитен центар (ДИЦ) денес потпиша Меморандум за разбирање и соработка со проектот на УСАИД за зајакнување на медиумската писменост кај младите, „Младите размислуваат“. „Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи да се зајакне соработката меѓу Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и ДИЦ во процесот на следење на вештините на учениците во основните […]

ЕБОР ги обезбеди средствата за изградба на регионалните депонии во земјава

18 мај 2022

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди поволни средства во вредност од над 200 милиони евра за реализација на регионалните проекти за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје-Блаце. Станува збор за клучни проекти кои државните власти две децении бараат средства за нивна реализација. „Предлог законите за обезбедување на […]

Промовиран Мечинг фонд вреден 2,5 милиони евра за поттикнување на претприемништвото кај Ромите

30 јули 2021

Премиерот Зоран Заев денеска го промовираше Мечинг фонд (ко-финансирачки фонд) на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра, во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за […]

Шахпаска: За период од 15 години, во предучилишните установи се вклучиле 5.000 деца, Роми

5 јули 2021

Развојот на интелектуална љубопитност, истрајностa, социјалните вештини и емотивната стабилност во текот на детството се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето. Ова го посочи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешниот завршен настан за постигнатите резултати од проектот „Инклузија на деца […]

МЖСПП: Стартува проектот на ООН за зачувување на планинските еко-системи

30 јуни 2021

Денеска официјално стартуваше новиот ГЕФ/УНЕП проект: „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционална рамка, градење на капацитетите и реставрација на најранливите планински предели”. „Проектот е дизајниран за остварување на глобалните цели за одржлив развој, да ни помогне во заложбите за имплементација на Декларацијата од Софија и Агендата за зелен договор […]

Проектот „m.Health” е победник на Хакатонот „Е-Здравство” на ФИТР и РОШ Македонија

28 јуни 2021

Проектот „m.Health” понуди најиновативно и најкреативно решение за подобро управување со здравствениот систем, во рамките на првиот хакатон „Е-Здравство”, кој се одржа минатиот викенд во организација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и РОШ Македонија, а во соработка со Министерството за здравство. На хакатонот, 11 проектни тимови под менторство на експерти од здравството […]

За пет месеци во Општина Центар рециклирани 100.000 ПЕТ пластични шишиња и лименки

27 април 2021

Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“, кој се спроведува 5 месеци, досега се рециклирани 100.000 ПЕТ пластични шишиња и лименки, преку повратните вендинг машини на ЈП ПОЦ и Општина Центар, кои одат на натамошна обработка, а жителите за тоа добиваат субвенции на нивната Green Pay картичка, соопштија од оваа општина. „Интересот на граѓаните […]

Македонскиот стрип центар дел од меѓународниот проект „Can for Balkans“

16 април 2021

Стрип центарот на Македонија-Велес (СЦМ) започна со локална имплементација на меѓународниот проектот CAN (Comic alliance Networking) FOR BALKANS – финансиран од страна на програмата „Креативна Европа“ – подпрогама за култура на Европската унија. “Основа на овој проект е историскиот стрип во наведените земји што му додава додатна важност во две насоки: афирмирање на социјалната примена […]

Градскиот стадион во Охрид ќе добие нов систем за наводнување

16 март 2021

ЈП „Билјанини Извори” и Фудбалската федерација на Република Северна Македонија (ФФМ) со нов проект ја продолжуваат започнатата успешна соработка во интерес на фудбалот во Охрид. Со новиот проект, ФФМ на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Билјанини Извори” ќе инсталира најсовремен систем за автоматско наводнување. За таа намена, до 3 април ќе бидат инсталирани 33 прскалки […]

Доделени 638 стипендии на учениците Роми во учебната 2020/2021

23 февруари 2021

На учениците Роми запишани во прво и во второ одделение во учебната 2020/2021 година им се доделени вкупно 638 стипендии. Сето тоа во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Редовно часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“. Овој проект е имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија,  Здружението „Центар за образовна поддршка […]

Анализа на ЕСЕ: Жените треба повеќе да бидат вклучени во активните мерки и програмите за вработување

21 декември 2020

Невработените лица кои не се регистрирани во Агенцијата за вработување изнесуваат 55 отсто од вкупниот број на невработени во земјава и тие немаат право до пристап на мерките за вработување, што особено влијае врз жените. До крајот на 2019 година, стапката на активност на работоспособното население е 57,5 отсто, а на невработеност изнесува 17,3 отсто […]

Страна 1 од 7