Македонскиот стрип центар дел од меѓународниот проект „Can for Balkans“

Илустрација / Фото: Brett Jordan, Unsplash

Стрип центарот на Македонија-Велес (СЦМ) започна со локална имплементација на меѓународниот проектот CAN (Comic alliance Networking) FOR BALKANS – финансиран од страна на програмата „Креативна Европа“ – подпрогама за култура на Европската унија.

“Основа на овој проект е историскиот стрип во наведените земји што му додава додатна важност во две насоки: афирмирање на социјалната примена на стрипот, во овој случај националната историја, како и меѓународната размена и соработка. Благодарни сме што нашата земја е дел од овој проект. Истиот претставува континуитет на нашата меѓународна соработка со сите партнерски земји“ вели Томе Трајков, програмски координатор во СЦМ.

Активностите на овој проект опфаќаат истражувачки активности на тема историскиот стрип, меѓународен тематски стрип конкурс од областа на историските јунаци, којшто ке се објави наесен годинава и организирање на неколкудневни тематски настани и изложби во опфатените земји, со посетеност од преку 50 стрип автори. Во С.Македонија таков настан ќе се организира во Велес кон крајот на месец август.

Носител на овој неколкугодишниот проект е Музеј на историјата во округот Брашов-Романија, а освен македонскиот стрип центар, партнери во овој проект се: Белгискиот стрип центар од Брисел, потоа Стрип училиштето „Никола Митровиќ Кокан“ од Лесковац, Србија, како и Државниот историски музеј од Тирана , Албанија.