fbpx

Холандија се откажа од финансирање на проект за Судскиот совет: „Тоа е нелегитимно тело“

Холандија стави во мирување голем проект со Судскиот совет, изјави во интервју за Радио Слободна Европа холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп

-

Холандија стави во мирување голем проект со Судскиот совет, изјави во интервју за Радио Слободна Европа холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Тој, оценувајќи ги последните случувања во советот рече дека тој се претворил во нелигитимно тело.

„Сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој. Сега го имаме и случајот со Судскиот Совет кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан, Холандија сега стави во мирување еден голем проект поврзан со Сускиот совет. Ситуацијата е многу сериозна“, рече амбасадорот во интервјуто за РСЕ.

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, беше разрешена на 26 април годинава, на контроверзен начин кој експертската јавност го протолкува како незаконски. Тогаш, на седницата на Судскиот совет настана расправија откако Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање за нејзино разрешување, а седум члена (од тринаесет) гласаа „за“, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

„Ви благодарам многу, ме спасивте. Оваа одлука ќе биде противзаконска, но очигледно нечии желби треба да бидат исполнети. Одредени лица од политиката ќе бидат и те како задоволни ако во ова успеат. Но, јас не се откажувам, битката продолжува. Сега веќе ова е анархија, Судскиот совет се вклучи во анархија. Основ за разрешување нема, не може со седум гласа да се одземе мандат“, рече тогаш Дамева.

Иако во законот не е предвиден начин за разрешување на претседател на Судски совет, Адеми за Порталб.мк подоцна образложи дека станувало збор за гласање со мнозинство и дека сè што не е забрането со закон, е дозволено.

На 4 мај за нов претседател на Судскиот совет беше избран Сашко Георгиев.

На 19 мај месецов Дамева информираше дека поднела тужба до Управниот суд и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за нејзиното разрешување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...