fbpx

Одбиена жалбата за наградата „Роман на годината“, за проектот државата издвоила само 56.000 денари

Од 281.308 денари, сумата за наградата „Роман на годината“ е намалена на 55.965 денари

-

Одбиена е жалбата на Фондацијата „Славко Јаневски“, која била поднесена до Министерството за култура, за малкуте доделени пари за „Роман на годината“, соопштија денеска во Фондацијата.

Министерство за култура, за наградата „Роман на годината“ за 2022 одредило сума од 55.965 денари, а лани на истиот конкурс, со решение на истото Министерство, за проектот биле доделени 281.308 денари. Во Фондацијата велат дека не им е јасно зошто парите за оваа намена се намалени за повеќе од пет пати.

Откако одговорните во Фондацијата ја поднеле жалбата, Комисијата за литература и издавачка дејност за 2023 година ја разгледала пријавата за „Роман на годината“ иутврдила дека „жалбата не е потполно оправдана од причини што нема нови докази за да се менува одлуката и предлага жалбата да се одбие“, пишува во известувањето.

Наградата „Роман на годината“ досега е доделена вкупно 24 пати, а со ваква финансиска поддршка, во фондацијата велат дека проектот е сериозно доведен во прашање.

Конкурсот се распишува на 15 декември. Оттаму известуваат дека прават огромни напори да ја подобрат сопствената финансиската состојба, за да можат непречено да го организираат овој конкурс.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...