fbpx

Стопирани подготовките за сите тестирања и матурата, вработените во ДИЦ бараат за 8.000 денари повисоки плати

Бараме изедначување на платата со онаа што ја зема наставник-ментор, односно бараме зголемување за околу 8.000 денари. Советник во ДИЦ сега зема 30.000 денари плата, а бараме да биде 38.000 денари, вели Емилија Бошковска, советничка во ДИЦ

-

Дваесет и тројцата вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе 11 дена се во штрајк и не ги извршуваат нивните работни обврски. Тие бараат повисоки плати, но засега нема никакви најави дека Минстерството за финансии ќе им излезе во пресрет.

„Сите процеси што ги води ДИЦ се стопирани, односно тоа се приправничките испити за наставници, потоа, сите меѓународни тестирања кои вообичаено ние ги организираме и реализираме. Не се работи ниту на државното тестирање, односно не се работи на извештаите иако резултатите од истото, се готови. Во овој период обично се подготвуваат задачите кои ќе се паднат на државната матура, но и тој процес е стопиран. Никој не ја прави годишната програма за работата на ДИЦ, а не се работат ниту напредните обуки и основните обуки за директори“, вели Емилија Бошковска, советничка во ДИЦ.

Во периодот на штрајк, вработените доаѓаат на работа, но не ги извршуваат работните обврски. Како што информира Бошковска, времето го користат за да ги надградуваат своите знаења и организираат меѓусебни интерни обуки.

Во врска со тоа, како течат преговорите со Министерството за финансии, Бошковска вели дека засега нема конкретни најави или ветувања дека платите ќе им бидат покачени.

„Добивме ветување дека идната недела, по Нова година ќе се разгледува нашата ситуација. Ние бараме изедначување на платата со онаа што ја зема наставник-ментор, односно бараме зголемување за околу 8.000 денари. Советник во ДИЦ сега зема 30.000 денари плата, а бараме да биде 38.000“, додава Бошковска.

Вработените во ДИЦ прв пат протестираа во април годинава. Но, иако не добија покачување на платите, сепак го ставија штрајкот во мирување за да им излезат во пресрет на матурантите, за да можат да полагаат матура, која е услов за упис на факултет. Сега продолжија да штрајкуваат додека не им бидат исполнети барањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...