Бугарија и Романија со делумен влез во Шенген зоната од март 2024 година

„По долги и комплицирани преговори, постигнавме начелен договор со Австрија за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната. На почетокот со воздушните и поморските граници. Австрија се обврза да ги продолжи преговорите за копнените граници“, изјави Денков на последната седница на владата за годинава

-

Австрија конечно им дозволи на Бугарија и Романија да влезат во Шенген зоната на ЕУ преку авиосообраќајот и морето од март 2024 година, пишува Медиапул.бг. Оваа информација денеска ја соопшти бугарскиот премиер Николај Денков.

„По долги и комплицирани преговори, постигнавме начелен договор со Австрија за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната. На почетокот со воздушните и поморските граници. Австрија се обврза да ги продолжи преговорите за копнените граници“, изјави Денков на последната седница на владата за годинава.

Претходно и романскиот премиер најави дека Бугарија и Романија ќе влезат во Шенген зоната со воздушните и поморските граници од март 2024 година.

„Преговорите со Австрија ќе бидат комбинирани со значителна поддршка од Европската комисија за заштита на надворешните граници на ЕУ со Турција и Србија, со цел да се намали приливот на илегални мигранти во Европа. По 12 години без голем напредок на темата Шенген, денес можеме да си го честитаме овој неоспорен успех на бугарската држава“, рече Денков.

Според Европската комисија, Бугарија и Романија пред повеќе од една деценија ги исполниле техничките критериуми за пристапување во зоната за слободно патување во Европа. Но, досега тоа не можеше да стане факт поради отпорот на некои земји-членки.

Во 2022 година, Австрија стави вето на пристапувањето на Бугарија и Романија, наведувајќи ја несразмерно големата нелегална имиграција што произлегува од слабо заштитените надворешни граници на Шенген зоната.

Холандија стави вето на членството на Бугарија во Шенген поради недостаток на убедливи чекори во борбата против корупцијата. Законските измени преземени од актуелната владејачка партија за судските и антикорупциските реформи, особено измените на Уставот донесени од парламентот, очигледно ја убедија Холандија да го укине ветото по гласањето во холандскиот парламент на 21 декември.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...