недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: шенген зона | 26 резултати

Бугарија и Романија влегуваат во Шенген зоната по воздушен и морски пат

декември 31, 2023

Европскиот совет одлучи да ја прошири безграничната Шенген зона и да ги вклучи Бугарија и Романија, соопшти вчера шпанското претседателство на Советот. Контролите на воздушните и поморските граници ќе бидат укинати од март 2024 година, а дискусиите за укинување на контролите на копнените граници ќе продолжат и во новата година, се вели во соопштението на […]

Бугарија и Романија со делумен влез во Шенген зоната од март 2024 година

декември 28, 2023

Австрија конечно им дозволи на Бугарија и Романија да влезат во Шенген зоната на ЕУ преку авиосообраќајот и морето од март 2024 година, пишува Медиапул.бг. Оваа информација денеска ја соопшти бугарскиот премиер Николај Денков. „По долги и комплицирани преговори, постигнавме начелен договор со Австрија за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната. На почетокот […]

Бугарскиот премиер најави дека земјата ќе добие делумен влез во Шенген зоната

декември 19, 2023

Бугарија и Романија активно преговараат со Австрија за влез во Шенген зоната, а бугарскиот премиер Николај Денков го опиша како голем успех евентуалниот влез на земјата во Шенген зоната во делот на воздушниот и поморскиот сообраќај. Преговорите со Австрија продолжуваат, а Денков се надева оти земјата ќе добие можност за влез во европската зона на […]

Германија ги продолжи граничните контроли со Полска, Чешка и Швајцарија

декември 5, 2023

Германија го продолжи времетраењето на привремените гранични контроли со Полска, Чешка и Швајцарија до 15 декември, информираше германското Министерство за внатрешни работи, пренесува германската новинска агенција ДПА. Иако сите нејзини соседи се дел од Шенген зоната за слободно движење на граѓаните и вообичаено досега Германија немаше гранични контроли за проверка на документите на било која […]

За 2025 година одложена имплементацијата на системот ЕТИАС за влез во ЕУ

октомври 19, 2023

Европската Унија (ЕУ) повторно го одложи почетокот на имплементацијата на Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ЕТИАС), кој е наменет за граѓани кои не се земји-членки на Унијата, а сакаат да влезат во ЕУ. Имплементацијата на системот ЕТИАС е одложено за првата половина од 2025 година, соопштија денеска од ЕУ, пренесува Си-ен-ен. Откога […]

Германија ќе ја извести ЕУ за почетокот на гранични контроли со Чешка, Швајцарија и Полска

октомври 17, 2023

Германија се подготвува за планот за воведување на фиксни гранични контроли на премините со Полска, Чешка и Швајцарија, владини извори ја брифирале ДПА во понеделникот, известува германската новинска агенција ДПА. Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ќе ја извести Европската комисија за плановите, кои ќе значат возможно воведување на полициски контроли директно на границата […]

Австрија смета дека ветото за влез во Шенген на Бугарија и Романија треба да се задржи

август 2, 2023

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека ветото за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната мора да остане за да се одржи граничната контрола на ниво на ЕУ, пренесува mediapool.bg. Студениот туш од Австрија за Софија и Букурешт повторно доаѓа од министерот во австриската влада, кој лани во декември беше главниот […]

Хрватска се подготвува за влез во Шенген и еврозоната од 1 јануари

декември 30, 2022

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, словенечката претседателка Наташа Мирц Мусар и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на 1 јануари симболично ќе го одбележат влезот на Хрватска во Шенген зоната со посета на досегашниот хрватско-словенечки граничен премин Брегана. На овој начин, во недела ќе се одбележи можноста на хрватските граѓани да влегуваат и излегуваат […]

Софија остро реагира на холандската блокада за прием на Бугарија во Шенген зоната

декември 3, 2022

Остри реакции од бугарските власти по одлуката на Холандија да го блокира пристапот на Бугарија во европската Шенген зона, пишува Бугарското национално радио. Вчера владата на холандскиот премиер Марк Руте објави дека ќе се согласи со прием на Романија и Хрватска во Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија. Холандија стави вето поради […]

Холандскиот парламент против влез на Бугарија во Шенген зоната, реакции од источниот сосед

октомври 21, 2022

Парламентот во Холандија изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Холандските пратеници изгласаа резолуција со која побараа холандскиот премиер Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната без граници, поради корупција и организиран криминал во двете земји, пишува Јуроактив. Ваквата вест доаѓа само два дена […]

Европскиот парламент го одобри воведувањето на системот за влез на странци

октомври 25, 2017

Заедничкиот електронски систем за регистрација на сите државјани на земји што не се во ЕУ при нивниот влез во шенген-зоната беше поддржан од Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур. Системот кој би требало да профункционира во 2020 година, односно Влез/излез-систем (Entry/Exit System -EES), ќе ги содржи името, копија од пасошот, отпечатоци од прстите, биометриска фотографија, […]

Бугарија и Романија добија пристап до информацискиот систем на Шенген

октомври 4, 2017

Европскиот парламент го поддржа предлогот на Советот на ЕУ, на Бугарија и на Романија да им се овозможи делумен пристап до базата на податоци за визите од информацискиот систем за шенгенскиот режим, јавија бугарските медиуми. Кога ќе биде изгласана од Советот на ЕУ, одлуката ќе им дозволи на двете држави да проверуваат информации во визниот […]

Борисов: Сега не е време и не ни е во интерес Бугарија да стане дел од шенген-зоната

септември 18, 2016

Сега не е време да станеме дел од шенген-зоната и приклучувањето на нашата држава во овој простор нема да ни помогне, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. – Сите велат дека Бугарија треба веднаш да стане членка на Шенген. Но, ова не е во наш интерес во моментот. Ако, од друга страна, тие сакаат да […]

Јункер: Крај за шенген-зоната значи и крај за еврото

јануари 15, 2016

Невработеноста во ЕУ ќе се зголеми ако се распадне шенгенската зона, предупреди денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, додавајќи дека во тој случај би било бесмислено да се задржи еврото како единствена валута. – Шенген-зоната е едно од најголемите достигнувања од процесот на европските интеграции. Без неа, без слободно движење на работниците, без слободата […]

ЕУ ќе расправа за контрола на внатрешните граници на шенгенската зона

декември 4, 2015

Европската унија денеска би требало да ја разгледа можноста за продолжување на контролата на внатрешните граници на шенгенскиот простор за две години, поради хаосот што настанал на надворешните граници на Унијата. Прашањето ќе биде разгледано на состанокот на министрите за правда и за внатрешни работи на Европската унија, кој ќе биде посветен на прашања за контрола […]

Грција ги негира тврдењата за исклучување од шенгенската зона и за одбиена соработка со Фронтекс

декември 3, 2015

Грција остро реагира во врска со информациите дека Европската комисија (ЕК) размислува за нејзино исклучување од шенген- зоната поради проблемот со справување со бегалците. Министерот за внатрешни работи, Јанис Музалас, на денешната средба со новинарите истакна дека овие информации доаѓаат како предлози и притисоци од држави како Унгарија, меѓутоа не се официјален став, ниту размислување на ЕК. […]

ЕУ ќе ѝ се закани на Грција дека ќе ја исклучи од шенген-зоната

декември 2, 2015

По заканата за напуштање на еврозоната, Грција се соочува со предупредувања и со закани за можен излез од шенгенската зоната. Ова го пренесуваат грчките весници „Катимерини“ и „Прото тема“, коментирајќи дека земјите-членки на Европската унија (ЕУ) веќе почнуваат да испраќаат сериозни предупредувања до Грција дека доколку не ги спроведе мерките за бегалската криза договорени на […]

Министерски состанок на ЕУ за построги контроли на надворешните граници

ноември 19, 2015

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија на состанокот, закажан за утре, треба да ги договорат мерките за построга контрола на надворешните граници од Шенген-зоната по терористичките напади што се случија на 13 ноември во Париз, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Според документот кој ќе биде на маса, министрите се очекува да се […]

Меркел: Примете ги бегалците или ќе расправаме за Шенген-зоната

август 31, 2015

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека ќе се расправа за Шенген-зоната доколку земјите на ЕУ не ги распоредат бегалците. – Ако не успееме да се договориме околу рамноправното прифаќање на бегалците, тогаш шенгенското прашање ќе биде на дневен ред – истакна Меркел. Прашањето за шенгенската зона го отвори Австрија со одлуката делумно да го затвори […]

Анкета: Европејците сакаат укинување на Шенген-зоната поради мигрантите

јули 10, 2015

Најголем дел од граѓаните на европските земји, меѓу кои најмногу Французите и Британците, сакаат Шенген-зоната да биде укината поради приливот на мигранти, покажуваат резултатите од најновата анкета, чиишто резултати денеска ги објави францускиот весник „Фигаро“. Речиси 70 проценти од Французите се за тоа повторно да се воспостават границите меѓу земјите-членки на ЕУ и, барем привремено, […]

Страна 1 од 2