fbpx

Украинските сили пресретнаа четири руски крстосувачки ракети, напади со дронови во Русија

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле две беспилотни летала во текот на ноќта во два региона кои граничат со Украина

-

Украинската војска уништила четири крстосувачки ракети над северна и централна Украина за време на руски воздушен напад во текот на изминатава ноќ, јави Укринформ по информациите на кијивските воздухопловни сили.

Се наведува дека украинските сили откриле до осум воздушни цели, но дека нема моментални извештаи за напади, додавајќи оти останатите цели биле „веројатно лажни“.

Воздухопловните сили соопштија и дека во нападот учествувале пет руски стратешки бомбардери.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле две беспилотни летала во текот на ноќта во два региона кои граничат со Украина, јавува Гардијан.

Едно беспилотно летало било соборено над регионот Брјанск на западот на Русија, а друго во областа Курск, јужно од него.

Инаку, Укринформ објави дека два украински авиони за борбена обука Л-39 се судриле на небото за време на лет во регионот Житомир, при што загинале тројца пилоти. Несреќата се случила во петокот, а причините за тоа што довело до судирот сè уште се утврдуваат.

Во меѓувреме, во својот најнов разузнавачки извештај за војната во Украина, британското Министерство за одбрана пишува дека бројноста на групата Вагнер се намалува и оти постои реална можност Кремљ повеќе да не ја финансира групата.

Ако е точно дека руската држава повеќе не ѝ плаќа на Вагнер, тогаш аналитичарите велат дека вторите најверојатни плаќачи се властите во Белорусија, се вели во извештајот што го пренесува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...