fbpx

Меѓународната заедница го осуди нападот врз болницата во Газа

„Треба да се утврдат сите факти и одговорните мора да одговараат“, изјави фон дер Лајен, без да припишува вина за тоа кој го извршил нападот

-

Смртоносниот напад врз болницата Ал-Ахли во Газа во кој загинаа најмалку 500 лица, според кажувањата на властите во Газа блиски до Хамас, доведе до реакции од меѓународната заедница. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонскиот разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас искажа најдлабоко сочуство за жителите кои ги изгубија животите во нападот врз болницата во Газа, пишува Би-би-си.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во утринската реакција по смртоносниот напад на болницата потенцираше дека нема оправдување да се погоди болница полна со цивили. Таа пред пратениците на ЕУ истакна дека треба да се утврдат фактите за трагедијата.

„Треба да се утврдат сите факти и одговорните мора да одговараат“, изјави фон дер Лајен, без да припишува вина за тоа кој го извршил нападот.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека мора да се направи детална истрага за тоа кој го има извршено синоќешниот напад врз болницата во Газа.

Актуелниот претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи утрово напиша на Твитер дека е згрозен од уништувањето на болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви.

„Го повторуваме нашиот повик за почитување на меѓународното хуманитарно право. Цивилите не смеат да бидат цел ниту да се користат како жив штит. Сторителите мора да одговараат“, напиша Бујар Османи.

Властите во Газа кои се под контрола на Хамас го обвинија Израел за ракетниот напад врз болница, во која синоќа загинаа најмалку 500 лица. По нападот на Хамас врз израелската територија, војската на Израел изминативе денови изврши серија на воздушни напади врз цели во Појасот Газа.

Сепак, наспроти тврдењата на Хамас дека Израел е сторител на ракетниот напад, портпаролот на израелските одбранбени сили ја обвини радикалната палестинска група Исламски џихад за извршениот напад врз болницата во Газа. Израел тврди дека непосредно пред ракетирањето на болницата во Газа, оваа радикална група истрелала низа ракети врз Израел. Израелските власти тврдат дека радикалните исламисти погрешно ги истрелале ракетите од гробиштата во Газа кон болницата каде загинаа најмалку 500 лица.

Инаку, Израел потврди дека утринава нивните воздушни сили нападнале десетици други „воени цели низ Појасот Газа“ во процесот на „елиминација“ на уште двајца членови на палестинската милитантна група Хамас – Мухамед Алвадија, нарекувајќи го командант на противтенковскиот систем на бригадата на градот Газа на Хамас и Акрам Хиџаз, дилер на оружје.

Израел го повтори предупредувањето до луѓето кои се уште се во градот Газа да се движат кон југот од територијата во Појасот Газа, велејќи дека таму можат да бидат безбедни.

Инаку, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси по денешната средба со германскиот канцелар Шолц ја отфрли можноста палестинските бегалци од Појасот Газа да се дислоцираат на Синајскиот полуостров.

„Целиот концепт за преместување на палестинските граѓани од Појасот Газа на Синај е едноставно трансферирање на концептот на борба и отпор од Газа во Синај и во оваа насока, Синај ќе постане базата за воени операции против Израел“, изјави египетскиот претседател.

Во тој случај, додаде ал-Сиси, Израел ќе се обиде да се одбрани на сличен начин како во Појасот Газа и израелските воени дејствија ќе се пренасочат кон Египет и Синај, пренесува Ал Џазеира.

По нападот на болницата во Газа, Јордан го откажа самитот со Бајден и лидерите од Блискиот Исток

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...