fbpx

По нападот на болницата во Газа, Јордан го откажа самитот со Бајден и лидерите од Блискиот Исток

Нема смисла да се прави ништо во овој момент, освен да се запре оваа војна, изјавил јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади за „Ал Џезира“

-

Јордан го откажа денешниот планиран самит меѓу американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Јордан, Египет и палестинските власти, откако вчера во експлозијата во болница во Газа загинаа стотици луѓе, објави министерот за надворешни работи на земјата, а пренесе Си-ен-ен.

„Нема смисла да се прави ништо во овој момент, освен да се запре оваа војна“, изјавил утринава јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади за „Ал Џезира“.

„Никој нема корист од одржувањето на самит во овој момент“, додал Сафади.

Бајден требаше да го посети Аман, Јордан, а претходно и Тел Авив. Само неколку часа пред неговото доаѓање, самитот бил откажан, како што потврдила и Дина Кавар, јорданската амбасадорка во САД.

Официјален претставник на Белата куќа, пренесува Си-ен-ен, им рекол на новинарите кои патувале во регионот со Бајден, дека американскиот претседател ќе го одложи своето патување откако ќе се консултира со кралот Абдула Втори од Јордан и ќе ги земе предвид деновите на жалост што ги објави палестинскиот претседател Махмуд Абас.

„Претседателот го изрази своето длабоко сочувство за невините животи изгубени во експлозијата во болницата во Газа и им посака брзо закрепнување на ранетите. Тој очекува наскоро лично да се консултира со лидерите и  да остане редовно и директно ангажиран со секој од нив во наредните денови“, рече претставникот на Белата куќа.

Во вчерашниот напад што се случи во болницата во Газа загинаа над 500 луѓе од кои голем број деца.

Од палестинското Министерство за здравство известија дека израелски воздушен напад ја предизвикал експлозијата и „дека загинале луѓе од кои дел таму барале засолниште од тековната израелска офанзива“.

Израелската војска, пак, како што јави АП, соопшти дека немала никаква вмешаност во експлозијата и дека таа била предизвикана од погрешно испукана палестинска ракета. Израелската војска соопшти дека палестинските милитанти истрелале низа ракети во близина на болницата токму во тоа време.

„Теророт на Хамас му носи и огромно страдање на палестинскиот народ. Дозволете ми да бидам многу јасна дека терористите се Хамас, а не палестинскиот народ и затоа ние мора да се грижиме за палестинскиот народ и неговите хуманитарни потреби“, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по вечерашниот вонреден Самит на ЕУ, што се одржa преку видео-конференциска врска.

Европската унија работи со Египет за да им достави помош на оние кои бегаат од конфликтот во Газа, рече таа.

Комисијата, исто така, „воспоставува воздушен мост до Египет, блиску до Газа за да биде во позиција брзо да испорача помош преку границата“.

„Исто така, им објаснуваме на израелските власти дека е неопходно да се обезбеди вода за Газа. Ова е основно човеково право“, додаде таа, и рече дека ваквите потези не влијаат на позицијата на ЕУ за неодамнешните напади што ги започна Хамас на 7 октомври.

„Нема противречност во солидарноста со Израел и делувањето за хуманитарните потреби на Палестинците“, рече фон дер Лајен.

Погодена е болница во Газа: Најмалку 500 мртви, Израел негира вмешаност

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...