вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: воздушен напад | 21 резултати

Седуммина убиени во руски воздушен напад врз западноукраинскиот град Лвив

4 септември 2024

Седуммина биле убиени во руски воздушен напад врз градот Лвив, пренесува Ројтерс. Според градоначалникот на Лвив, во нападот биле повредени четириесетина луѓе, а меѓу убиените имало и деца од девет и четиринаесетгодишна возраст. Лвив се наоѓа во западна Украина, во близина на границата со Полска, која е земја-членка на НАТО. Во нападот биле уништени и […]

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

19 април 2024

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога лансираше преку 300 ракети, повеќето од кои беа соборени од израелските одбранбени сили. Иранскиот напад, пак, беше одговор на израелскиот напад врз ирански конзулат во […]

САД лансира воздушни напади во Ирак и Сирија како одговор на нападот на американска база во Јордан

3 февруари 2024

Соединетите Американски Држави лансираа воздушен напад на повеќе од 80 воени цели во Ирак и Сирија кои се поврзани со паравоени сили поддржани од Иран, пренесува Гардијан. „Овие напади започнаа вечерва. Тие нема да завршат вечерва. Ќе преземеме и дополнителни активности, сите со цел да ставиме крај на овие напади и да се намалат капацитетите […]

Напад во Јордан усмрти тројца американски војници, САД ветува одговор

29 јануари 2024

Воздушен напад врз американска воена база на границата меѓу Сирија и Јордан резултираше со тројца загинати американски војници и 34 повредени, пренесува Гардијан. Групата Исламски отпор изјави дека тие стоеле зад нападот. Станува збор за организација поддржана од Иран. САД исто така го обвинува Иран, предупредувајќи дека ќе има соодветен воен одговор за нападот. „Ние […]

Украина нападната од 40 руски ракети и дронови

13 јануари 2024

Утрово Русија лансираше 37 ракети и три дрона кон Украина. Системот за одбрана од воздушни напади соборил осум ракети, многу помал процент од тоа колку вообичаено се успешни украинските воздушни сили, известува Ројтерс. Погодени се градовите Днипро и Чернихив, но сè уште не се објавени детали во врска со тоа кои биле точните воени цели […]

САД изврши уште еден воздушен напад во Јемен

13 јануари 2024

САД изврши воен напад со „Томахок“ ракети во база во Јемен, каде се вршело лоцирање со радарски системи. Нападот доаѓа еден ден по обемниот напад на САД и Обединетото Кралство врз речиси 30 воени бази во Јемен, известува Гардијан. Петмина загинале и шестмина биле повредени во вчерашните напади. Нападите на САД и Обединетото Кралство се […]

По нападот на болницата во Газа, Јордан го откажа самитот со Бајден и лидерите од Блискиот Исток

18 октомври 2023

Јордан го откажа денешниот планиран самит меѓу американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Јордан, Египет и палестинските власти, откако вчера во експлозијата во болница во Газа загинаа стотици луѓе, објави министерот за надворешни работи на земјата, а пренесе Си-ен-ен. „Нема смисла да се прави ништо во овој момент, освен да се запре оваа војна“, […]

Сириски медиуми: Израел изврши воздушни напади врз аеродромите во Дамаск и во Алепо

12 октомври 2023

Сириските државни медиуми објавија дека израелските воздушни напади попладнево ги погодиле меѓународните аеродроми на сирискиот главен град Дамаск и северниот град Алепо. Пистите се оштетени и исклучени од сообраќај, јави новинската агенција Асошиејтед прес.  Државната новинска агенција САНА цитирала неименуван воен функционер кој рекол дека во нападите нема повредени. Израелската војска одби да коментира во […]

Експлозии во Киjив: Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништата

11 август 2023

Експлозии одекнуваа во украинскиот главен град Кијив, откако властите прогласија тревога за воздушен напад низ целата земја, пренесе Ројтерс. Градоначалникот Виталиј Кличко им порача на жителите да останат во засолништата за воздушни напади. Градските власти на Кијив рекоа дека функционира противвоздушната одбрана, а воздухопловните сили известија дека Русија лансирала хиперсонични ракети во регионот на Кијив. […]

Русија го нападна Кијив неколку часа пред почетокот на НАТО самитот

11 јули 2023

Во раните утрински часови Русија изврши воздушен напад врз Кијив и тоа само неколку часа пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија на кој алијансата ќе се фокусира на справувањето со безбедносните закани од Москва, пренесува Гардијан. „Непријателот го нападна Кијив низ воздух по втор пат овој месец“, рече Серхи Попко, шеф на […]

Руските сили ја бомбардираат Одеса, преговорите продолжуваат утре без средба на лидерите

3 април 2022

Руските сили утрово ја нападнаа Одеса, а екплозии го разбудија градот. Локалните власти потврдиле дека градот бил нападнат од воздух и дека дел од проектилите биле соборени од воздушната одбрана. Уште од шест часот утрината во градот се забележувале пожари на неколку места во близина на едно од главните пристаништа во Одеса и складиште за […]

Во напад во Сирија загинаа 33 турски војници, НАТО свика итна седница

28 февруари 2020

Во вчерашниот воздушен напад во северната сириска провинција Идлиб загинаа најмалку 33 турски војници, јавуваат светските медиуми. Станува збор за најголема загуба на воен персонал од почетокот на офанзивата на турската армија во Сирија. Постојните информации посочуваат дека воздушниот напад го извршиле сириските воздушни сили, но весникот „Гардијан“ и дел од другите светски медиуми не […]

Во воздушен напад во Јемен загинаа 29 цивили

1 ноември 2017

Во воздушен напад на северот на Јемен загинаа 29 лица, а повредени се уште 17, соопштија извори блиски до шиитските бунтовници. Агенцијата „Саба“, која ја контролираат бунтовниците, ја обвини Саудиска Арабија која ја предводи арапската коалиција против шиитите, дека е одговорна за бомбардирањето. Според истиот извор, сите жртви се цивили, но болнички извори не ги […]

Советот за безбедност на ОН денеска свика вонредна седница поради состојбата во Сирија

5 април 2017

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска свика вонредна седница за да го разгледа вчерашниот воздушен напад со отровен гас, кој беше извршен врз град во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија. Соединетите Американски Држави, Франција и Обединетото Кралство поднесоа предлог-резолуција со која се осудува употребата на хемиско оружје во Сирија. Тие ја нагласија обврската на сириската влада […]

Најмалку 58 загинати, меѓу кои и деца, во напад со отровен гас во Сирија

4 април 2017

Најмалку 58 лица загинале, меѓу кои и деца, во воздушен напад со отровен гас кој денеска бил извршен врз град во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, соопштила сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Според опсерваторијата, цивилите починале од задушување во градот Кан Шеикун, кој е под контрола […]

Руската авијација по грешка убила тројца турски војници во Сирија

9 февруари 2017

Тројца турски војници денеска по грешка биле убиени, а 11 се ранети при воздушен напад на руската авијација врз позиции на Исламска држава во северниот дел на Сирија, соопшти турската армија. Инцидентот го потврди и официјална Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, соопштил дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот турски колега, […]

Командант на милитантна група убиен во воздушен напад кај Алепо

9 септември 2016

Воен командант на сириската милитантна група, претходно позната како Ал нусра фронт, е убиен во воздушен напад во близина на Алепо, јавува „Би-би-си“. Милитантната група, сега позната како Џабхат фатех ал-шам на својот твитер-прифил соопштила дека командантот Абу Омар Саракеб загинал во воздушен напад во провинцијата Алепо. Засега нема информации која земја ги извршила воздушните напади. […]

Страна 1 од 1