fbpx

Погодена е болница во Газа: Најмалку 500 мртви, Израел негира вмешаност

Целиот свет треба да знае: варварските терористи во Газа ја нападнаа болницата во Газа, а не израелските одбранбени сили. Оние кои брутално ги убиваа нашите деца, ги убиваат и сопствените деца, напиша Нетанјаху на социјалната мрежа X

-

Најмалку 500 луѓе загинале во бомбашки напад врз болница во градот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство, a пренесоа светските агенции.

Портпаролот на министерството во изјавата тврди: „Првите проценки покажуваат дека меѓу 200 и 300 луѓе биле убиени во бомбардирањето на Баптистичката болница во градот Газа“.

Министерството подоцна ја ревидира бројката на најмалку 500 загинати лица. Оттаму известиле дека израелски воздушен напад ја предизвикал експлозијата и „дека загинале луѓе од кои дел таму барале засолниште од тековната израелска офанзива“.

Израелската војска, пак, како што јави АП, соопшти дека немала никаква вмешаност во експлозијата и дека таа била предизвикана од погрешно испукана палестинска ракета. Израелската војска соопшти дека палестинските милитанти истрелале низа ракети во близина на болницата токму во тоа време.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика светот обединето да застане зад неговата земја за да го порази Хамас, кој го обвини дека ги користи граѓаните како жив штит.

„Целиот свет треба да знае: варварските терористи во Газа ја нападнаа болницата во Газа, а не израелските одбранбени сили. Оние кои брутално ги убиваа нашите деца, ги убиваат и сопствените деца“, напиша Нетанјаху на социјалната мрежа X.

Во меѓувреме, сѐ уште се дебатира како да биде доставена хуманитарната помош до Палестинците, на кои им е неопходна, без таа да падне во рацете на Хамас. Светската здравствена организација стравува од нови болести, особено кај децата.

Болницата беше оперативна, со пациенти, здравствени и даватели на нега и внатрешно раселени лица кои беа засолнети таму. Првите извештаи укажуваат на стотици жртви и повредени. Болницата беше една од 20-те во северниот дел на Појасот Газа кои се соочија со наредба за евакуација од израелската војска. Наредбата за евакуација беше невозможно да се изврши со оглед на моменталната несигурност, критичната состојба на многу пациенти и недостатокот на амбулантни возила, персонал, капацитет за кревети во здравствениот систем и алтернативно засолниште за раселените. СЗО повикува на итна активна заштита на цивилите и здравствена заштита. Наредбите за евакуација мора да бидат повлечени. Мора да се почитува меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на СЗО.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, според Тајмс оф Израел, ја откажа средбата со американскиот претседател Џо Бајден поради нападот врз болницата во Газа и прогласи тридневна жалост. Средбата требаше да се одржи утре во Јордан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...