Играта „Господарите на паднатите“ (Lords of the Fallen) пропадна, „Лагите на Пи“ (Lies of P) станува сè попопуларна

Добивањето вредни предмети ретко се случува бидејќи најчесто пред да се борите со главен, има секогаш по неколку потешки мини главни (кои не се за потценување) кои треба да ги победите

Elden Ring screenshot lichna arhiva na Ivan Stojanovski se koristi so dozvola

Играта Господари на паднатите (Lords of the Fallen) „пропадна”, односно, стана крајно разочарувачка само неколку дена по нејзиното излегување на пазарот. Токму како што претпоставивме во еден претходен напис, играта е неуспешна и има оценка 5 на скала од 1 до 10 според американската веб-страница за видео игри „ИГН“ (Imagine Games Network).

Во играта има опција да се употребува фенер што го осветлува подземниот свет во кој може да се движите. Има и втора шанса да оживеете. Инспирацијата за околината во играта се чини дека е од играта Нио 1, но и 2, посебно од крајните нивоата на играта Нио 2, и секако, од незаменливата Елден ринг, со напомена дека овие игри се далеку подобри. 

Главните во играта не нудат значителни награди. Добивањето вредни предмети ретко се случува бидејќи најчесто пред да се борите со главен, има секогаш по неколку потешки мини главни (кои не се за потценување) кои треба да ги победите.

Исто така има и преголем простор помеѓу контролните точки во играта, односно поминувате голем дел од нивоата пред да имате можност да се сними напредокот. 

„Лагите на Пи“ (Lies of P) од друга страна, иако ја има изработено не многу познато студио, добива огромна популарност и добри оценки. Ја сметаат како новата „Блад борн“ игра што „Лагите на Пи“ е наречена „Блад борн 2“. 

Ова е детална споредба помеѓу овие две најнови игри за кои станува збор за „Господарите на паднатите“ и „Лагите на Пи“ од Јутјуб каналот „Зиосторм“:

Иако експанзијата на Елден Ринг се очекува да биде нова светла точка во жанрот на Соулс игрите, секако има и голем број други игри, како на пример Wu Long Fallen Dynasty) што можете да ги играте во меѓувреме, a за кои имаме посебни написи.