„Lies of P“ – најновата игра со сосема нова перцепција на ликот на Пинокио

Lies of P скриншот од официјалниот Твитер на Играта
Lies of P скриншот од официјалниот Твитер на Играта

Lies of P е рекламирана како игра во која „Пинокио“ е поставен како „фраерски“ лик. Исто така ја асоцираат и со две други игри Bloodborne за акцијата и Bioshock за „Стимпанк“ атмосферата.

Дури и во најавата за играта пишува дека играта е посветена на писателот Карло Колоди кој ја напишал книгата „Авантурите на Пинокио“, уште повеќе популаризирана со стариот долгометражен цртан филм за Пинокио од Дизни и други филмски и анимирани остварувања. 

Во играта главниот лик има „роботска рака“ која што има многу функции, може да се транформира во топ за проектили, пламенофрлач, да пушта струја или слично. Исто така се користи и за отварање врати, сефови или отклучување механизми. Оваа мрачна стимпак верзија на Пинокио е со своја посебна приказна, но сепак се држи до општата премиса што во научната фантастика се употребува за роботи андроиди, киборзи, аутоматони, репликанти и слично. Целта е една – да се стане почовечен и често пати во приказните и стануваат почовечни од повеќето обични луѓе. Како што е мотото на Тајрел Корпорацијата во првиот дел од „Блејд ранер”: „Почовечни од човекот”. Примери за ова од книги, филмови, серии и стрипови се Data од „Стартрек“, C-3PO од „Star Wars“, T-800 од Терминатор, Декард и Рој Бети од Блејд ранер, Марвин „параноид-андроид“ во „Автостоперски водич низ Галаксијата“, Андроидот што се слева во толпата луѓе на крај од првиот стрип за Натан Невер и многу други примери. Во играта „Lies of P“, P стои и за „Puppets“ односно кукли. И целата социјална симболика, дека луѓето се како кукли со конци контролирани од моќници, каде Пинокио сака да стане вистинско момче-односно човек (слободен човек) е донесена до нов екстрем во самата игра. Дури и во трејлерот има средба со таткото Џепето, творецот кој во лектирата е скромен и за чудо не пати од „Комплекс на Бог“ туку од недостиг на свое дете, но во играта е прикажан како горд татко.

Играта е и како Souls игра, се користат оружја за од блиску, како нормални мечови и големи мечови, лопати, чекани и импровизирани оружја. И покрај сите графички богати каратеристики на играта според најновото „гејмплеј“ видео, може да се заклучи дека е типична Souls игра. Жанр што моментално е многу популарен поради тешкотијата и сатисфакцијата што се добива од победите особено над главни во ваквиот вид на игри.