fbpx
Таг: ракетен напад

таг: ракетен напад

Тројца загинати во руски ракетен напад врз Одеса

Тројца цивили загинаа, а седуммина се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса што се случил синоќа, објави Укринформ, повикувајќи се на украинското Министерство за внатрешни работи. Мета на проектилите биле складиште, деловен центар, станбен комплекс и продавници. Украинската јужна команда предупреди дека е можно луѓе сè уште да се заробени под урнатините на местата на нападите. За време на своето...

Ракетирана станбена зграда во Кривиј Рих, најмалку шестмина загинати

Најмалку 6 станари ги загубиле животите во ноќниот ракетен напад на петкатна станбена зграда во украинскиот град Кривиј Рих, а 12 лица се извлечени од спасителите, јави украинската државна новинска агенција Укринформ. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата. Засега нема информации за други загинати цивили во регионот Днипропетровск, каде што се наоѓа Кривиј Рих, но во регионот Донецк во руските напади...

Британско разузнавање: Украина навлезе во првата линија на руската одбрана во некои области

„Значајни“ украински операции во неколку места во источна и јужна Украина се случиле во изминатите 48 часа, се вели во најновиот разузнавачки извештај на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство пренесен од „Гардијан“. „Во некои области украинските сили веројатно постигнале добар напредок и навлегле во првата линија на руската одбрана. Во други, украинскиот напредок е побавен“, се вели во извештајот...

Тројца загинати, меѓу кои и 11-годишно девојче, во руски ракетен напад врз Кијив

Три лица загинаа, меѓу кои и 11-годишно девојче, во нов ракетен напад што Русија изминатава ноќ го извршила врз Кијив, пренесува Би-би-си. Украинската новинска агенција Укринформ, пак, повикувајќи се на најновите податоци од Националната полиција на Украина, објави дека девојчето имало 9 години. Во нападот наводно биле вклучени 10 проектили со краток дострел „Искандер“, а сирените за предупредување се вклучиле...

Тенденциозно и без докази се тврди дека руска ракета убила 200 НАТО офицери во бункер во Украина

Аналитичарот Џилберт Докторов во видеото од постот не презентира ниеден извор за неговото тврдење дека при ракетниот напад на Русија биле убиени генерали на НАТО, скриени во бункер во Украина. Неговото единствено атрибуирање е на  „Русите“. Според официјални  украински лица, базите на НАТО се отвораат само на територијата на земјите членки на Алијансата, а Украина нема ниту статус на кандидат...

Во Харкив убиен новинар, во ракетен напад во Миколаив еден загинат и 23 повредени

Еден цивил е убиен, а 23 се повредени во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Миколаив што се случи синоќа, јави дописникот на Укринформ, повикувајќи се на извештај на украинската Јужна оперативна команда. Според извештајот, нападот бил извршен од Црното Море со ракети од типот „Калибр“, а испукани биле четири проектили. Покрај загинатиот и повредените, уништени се и куќи, како...

Постот шири невистини дека Русија уништила тајна НАТО база во Украина

Изнесените тврдења не се поткрепени со никакви докази или изјави од официјални страни, ниту од руските ниту од украинските власти. Нема потврда ниту од НАТО. Единствен извор на кој се повикува текстот е објава од социјалната мрежа Телеграм, која дури и споделува фотографија од наводното уништување на тајната НАТО база во Украина. Но, со пребарување на Гугл може да...

Запорижја погоден од најголемиот ракетен напад од почетокот на агресијата, вклучена тревога низ цела Украина

Руските агресори во текот на изминатата ноќ повторно го нападнаа југоисточниот украински град Запорижја, извршувајќи го најголемиот ракетен напад од почетокот на инвазијата, пренесе Укринформ. Најмалку 17 проектили насочени кон објекти од енергетската инфраструктура биле пријавени во областа во текот на само еден час, а во моментов се проверуваат информации за штетите и жртвите. Изминатата ноќ руските сили го нападнаа и...

Руски проектили го погодија Харкив, Зеленски во посета на Обединетото Кралство

Руските агресори вчеравечер извршија ракетен напад врз украинскиот град Харкив, погодувајќи го централниот дел. Проектилите го погодија и градскиот „Централ парк“, информираше градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов на Телеграм, пренесе Укринформ. Нападите во североисточниот регион дојдоа откако шефот за национална безбедност на Украина, Олексеј Данилов, во интервју за Ројтерс рече дека се очекува Кремљ да ги таргетира Харкив или Запорижја,...

Повредени цивили во руски ракетни напади врз Харков

Два руски проектила го погодија центарот на Харков во североисточниот дел на Украина, при што еден од проектилите погодил станбена зграда, а друг високообразовна институција, јави Укринформ. Гувернерот на Харков, Олех Синехубов изјави дека во погодената зграда избувнал пожар, а засега се регистрирани пет повредени лица. „Според информациите на Регионалниот центар за итна медицинска помош, бројот на повредени е зголемен на...

Покрај со Русија на военото поле, Зеленски на домашен терен започна борба и против корупцијата

Покрај воената агресија од Русија со која мора да се справува, украинската власт на домашен терен започна и борба против корупцијата меѓу високите функционери, а неопходно е и прочистување на редовите на Службата за безбедност од поединци поврзани со руските тајни служби, пренесуваат светските медиуми. Би-би-си пишува дека изминативе денови 11 високи функционери си дадоа оставки или беа разрешени поради...

Бројот на загинати од рускиот напад на Днипро се искачи на 35 лица, убиени и две деца

Украинските спасувачки екипи продолжуваат со пребарувањето на урнатините од уништениот станбен блок во градот Днипро, кој во саботата беше погоден во руски ракетен напад. Во чинот на агресија врз цивили досега загинаа 35 лица, од кои две се деца, пренесува Укринформ. Валентин Режниченко, раководител на регионалната воена администрација во Днипропетровскиот регион денеска објави дека спасувачките екипи во текот на ноќта...

Во руски ракетен напад врз станбен блок во Днипро загинаа најмалку 21 лице

Во ракетен напад врз станбен блок во украинскиот град Днипро, извршен од Русија, загинаа најмалку 21 лице, меѓу кои и едно дете, јави Укринформ. Нападот се случил вчера, а бројот на загинати го потврди шефот на Регионалниот совет на Днипропетровскиот регион, Микола Лукашук. Повредени се 73 лица, меѓу кои 14 деца, додека украинските спасувачки екипи спасиле 38 лица. Во моментов...

Русија ги интензивираше нападите над Украина за време на празниците

Повеќе експлозии го потресоа Кијив и други области во Украина за време на новогодишната ноќ од што загина најмалку едно лице а 14 беа повредени откако Русија ги интензивираше нападите, објави „Асошиејтед прес“. Украинските власти тврдат дека Русија намерно ги таргетира цивилите, сакајќи да создаде страв меѓу населението уште на почетокот на 2023 година. Првата дама на Украина, Олена Зеленска изрази...

Рускиот ракетен напад врз украинска Виница досега одзеде 23 животи, се стравува за 39 исчезнати лица

Рускиот ракетен напад врз центарот на украинскиот град Виница досега одзеде 23 животи, а меѓу загинатите се и три деца, јавува Гардијан. Украинските сили продолжуваат со потрагата по преживеани лица под урнатините на погодените згради - објект со канцелариски простор, станбена зграда, паркинг и културен центар. Десетици лица се повредени во ракетниот напад, а стравувањата на украинските власти се...

Руски ракети погодија станбена зграда и возила во украинска Виница, најмалку 20 загинати лица

Русија со ракети го гранатираше градот Виница во централниот дел на Украина, при што најмалку 20 лица загинаа, јавува Укринформ за последниот биланс на загинати лица. Јуроњуз пренесува дека во страшниот напад има околу 90 повредени лица, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше нападот како отворен акт на тероризам од Русија. Украинските власти информираат дека три ракети „Калибар“ истрелани...

Вистиномер: Со компјутерски генерирано видео се дезинформира дека руски проектил уништил склад за оружје

Не е вистина дека на видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук се гледа напад на руски проектил врз украинска база за оружје под земја. Станува збор за компјутерски генерирано видео, а не за материјал од реалноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е споделено видео и во кој се...

Над 30 загинати и 100 повредени во ракетен напад, Зеленски: Ова е зло кое нема граници

Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 беа ранети во руски ракетен напад врз железничка станица во источна Украина во петокот, додека цивилите се обидуваа да се евакуираат во побезбедните делови на земјата, соопшти државната железничка компанија, пренесе агенцијата Ројтерс. Според информациите добиени од Украинските железници ракетите погодиле станица во градот Краматорск, која се користи за евакуација на цивили...

Зеленски по бомбардирањето на Харков: На плоштадот „Слобода“ немаше воена цел, ова е терор врз Украина

Најмалку 10 лица загинаа во нападот со крстосувачка ракета на централниот плоштад на Харков наречен „плоштад Слобода“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот изјави дека ваквиот напад е воено злосторство, односно државен тероризам од страна на Руската Федерација. „После вакво нешто Русија е терористичка држава. Очигледно. И тоа мора да биде официјално. Ги повикуваме сите земји во светот веднаш и ефективно...

Истрелани ракети кон аеродромот во Кабул, силите на САД ги уништиле

Пет ракети утрово биле испукани од автомобил во правец на меѓународниот аеродром во Кабул, главниот град на Авганистан, но биле навремено уништени од системите за ракетна одбрана на САД, јави Би-Би-Си. Белата Куќа го потврдила нападот, но рекла дека и покрај него, ќе продолжи евакуацијата од Кабул без посебни измени. Авганистански медиуми објавија дека пет ракети биле испалени од автомобил во...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...