fbpx

Вистиномер: Со компјутерски генерирано видео се дезинформира дека руски проектил уништил склад за оружје

-

Не е вистина дека на видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук се гледа напад на руски проектил врз украинска база за оружје под земја. Станува збор за компјутерски генерирано видео, а не за материјал од реалноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е споделено видео и во кој се тврди дека рускиот проектил Кинжал уништил склад за оружје 136 метри под земја, пред очите на американски новинар.

Како што инвазијата на Русија врз Украина влегува во петтиот месец од својот почеток, голем број видео материјали продолжуваат да се споделуваат на социјалните мрежи. Таков е случајот и со ова видео кое не е вистинско, туку е  направено од дигитален артист на Јутјуб.

На краткиот видео материјал се гледа мал предмет, односно проектил, кој паѓа од небото. Кога стигнува до земјата, се гледа искрење следено од џиновски облак и експлозија. Пребарувањето на видеото откирва дека тоа е прикачено на Јутјуб каналот  InsanePatient2 на 28 февруари годинава со наслов ,,Што ако Русија започне нуклеарна војна?”.

Описот на Јутјуб каналот е „VFX… тоа е тоа”. VFX (визуелни ефекти) е процес на комбинирање на компјутерски генерирани фотографии со снимка од акциско видео за да се креираат сцени. Речиси секој вид на филм и телевизиска програма користи вакви визуелни ефекти.

Сопственикот на „Јутјуб“ каналот го објави ова видео и на  „Тик Ток“.

Во коментарите на „Тик Ток“, тој го кажува следното:

За сите индивидуалци кои мислат дека се обидувам да ги залажам луѓето, зборовите „што ако” се наоѓаат во насловот. Побарајте помош, напишал тој на разните прозивки дека се обидува да ги излаже корисниците на социјалните мрежи дека неговото видео е од реална воена сцена во реалноста.

На неговите „Јутјуб“ и „Тик Ток“ канали има бројни видеа со вакви компјутерски генерирани видеа. Исто така, гласот кој се слуша на крајот од видеото, може да се најде на VFX видео објавено од страна на  InsanePatient2  на крајот на јануари 2022 година, пред Русија да ја почне инвазијата врз Украина. Гласовниот елемент може да го слушнете на следниот линк.

Истото видео беше вирално на социјалните мрежи во март 2022 година, во првите фази од руската инвазија врз Украина. Тогаш лажно се тврдеше дека на видеото е претставена вакуум бомба со која Русија ја нападнала Украина.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека на видеоматеријалот којшто е предмет на нашата рецензија и кој е објавен во постот што го рецензираме, се гледа напад на руски проектил врз украинска база за оружје под земја. Станува збор за компјутерски генерирано видео, а не за материјал од реалноста.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...