fbpx

Повредени цивили во руски ракетни напади врз Харков

-

Два руски проектила го погодија центарот на Харков во североисточниот дел на Украина, при што еден од проектилите погодил станбена зграда, а друг високообразовна институција, јави Укринформ.

Гувернерот на Харков, Олех Синехубов изјави дека во погодената зграда избувнал пожар, а засега се регистрирани пет повредени лица.

„Според информациите на Регионалниот центар за итна медицинска помош, бројот на повредени е зголемен на четири лица. Уште едно повредено лице е дел од обезбедувањето на високообразовната институција која била цел на вториот ракетен напад. Мажот добил помош на лице место“, објави Синехубов на Телеграм.

Во меѓувреме, продолжуваат тешките борби во регионот Доњецк во источна Украина, еден од четирите региони кои Русија незаконски ги анектираше минатата година, иако нејзините сили не го контролираат регионот целосно, јавува Асошиејтед Прес.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на источниот фронт станува тешка, а војниците се соочуваат со потешкотии во градовите Бахмут, Вуледар и Лиман, пренесе Би-би-си.

Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека украинските војници стануваат сè поизолирани во градот Бахмут каде Русите прават мал напредок во обидот да го опколат градот, додека шефот на озлогласената руска група Вагнер која предводи голем дел од борбите во областа рече дека има жестоки битки за секоја улица во делови од градот.

Руските сили со месеци се обидуваат да ја преземат контролата врз Бахмут, што оваа битка ја прави најдолгата откако Русија ја нападна Украина пред речиси една година. Преземањето на оваа област е важно за Русија во унапредувањето на нејзината цел да го контролира целиот источен регион Донбас.

Инаку, Европската Унија (ЕУ) денеска направи уште еден голем чекор кон прекинување на енергетските врски со Русија.

Како што јавува „Гардијан“, блокот од денес ги забранува руските рафинирани нафтени производи, како што е дизел горивото, со што им се придружува на САД и другите сојузници во наметнувањето ограничување на цените на продажба во незападните земји.

Овој потег има за цел дополнително да ја намали зависноста од руската енергија и плаќањата кон Кремљ како што се приближува годишнината од инвазијата на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...