fbpx

Запорижја погоден од најголемиот ракетен напад од почетокот на агресијата, вклучена тревога низ цела Украина

-

Руските агресори во текот на изминатата ноќ повторно го нападнаа југоисточниот украински град Запорижја, извршувајќи го најголемиот ракетен напад од почетокот на инвазијата, пренесе Укринформ. Најмалку 17 проектили насочени кон објекти од енергетската инфраструктура биле пријавени во областа во текот на само еден час, а во моментов се проверуваат информации за штетите и жртвите.

Изминатата ноќ руските сили го нападнаа и Харкив, погодувајќи ги критичните инфраструктурни објекти. Можно е да има прекини во снабдувањето со вода, електрична и топлинска енергија, пренесува Укринформ, по предупредувањата на локалните власти.

Русија започна голема офанзива и во Источна Украина и се обидува да ја пробие одбраната во близина на градот Кремина, изјави вчера гувернерот на областа Луганск.

Утринава во цела Украина е прогласена тревога за воздушен напад, откако властите предупредија на потенцијални руски ракетни напади, повикувајќи ги жителите да се засолнат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, при неговото второ патување во странство од почетокот на војната, вчера ги повика лидерите на ЕУ да обезбедат борбени авиони и оружје за војната против Русија. Зеленски вчера се обрати во Европскиот парламент во Брисел, на самитот на лидерите на ЕУ.

Дел од европските лидери нагласија дека одлуката за воени авиони би требало да биде колективен потег, јави Би-би-си.

„Европа ќе биде со нас до нашата победа. Слушнав од голем број европски лидери за нивната подготвеност да ни го дадат потребното оружје и поддршка, вклучувајќи и авиони“, изјави Зеленски на вчерашната прес-конференција.

Во меѓувреме, Кремљ предупреди дека линијата помеѓу директно и индиректно учество на Западот во конфликтот исчезнува.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не ја исклучува можноста за испраќање борбени авиони во Украина, но и дека на Кијив му треба поголема воена огнена моќ, пренесе „Гардијан“.

Велика Британија соопшти дека сè уште не е донесена одлука за обезбедување авиони на долг рок, но дека ќе обезбеди обуки за украинските пилоти на авионите што веќе ги имаат.

Полскиот премиер Матеу Моравјецки рече дека неговата земја може да дејствува само во рамките на целата формација на НАТО, додека холандскиот премиер Марк Руте изјави дека прашањето мора да се разговара зад затворени врати.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ги повика земјите од ЕУ брзо да го разгледаат барањето на Кијив за испраќање авиони во Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...