fbpx

Постот шири невистини дека Русија уништила тајна НАТО база во Украина

-

Изнесените тврдења не се поткрепени со никакви докази или изјави од официјални страни, ниту од руските ниту од украинските власти. Нема потврда ниту од НАТО. Единствен извор на кој се повикува текстот е објава од социјалната мрежа Телеграм, која дури и споделува фотографија од наводното уништување на тајната НАТО база во Украина. Но, со пребарување на Гугл може да се види дека фотографијата e снимена во 2021 година и истата ги прикажува последиците од рускиот воздушен напад во Сирија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека Русија уништила таен команден центар на НАТО во Украина од кој извлекле 40 мртви тела на Американци, Полјаци. Англичани. Информациите споделени во постот, кои се преземени од српски сајт, се вистинска каша-попара и за истите нема никаква потврда.

И второто командно место на НАТО во Украина, кое е на длабочина од 120 метри е запечатено, успеале да извадат само 40 мртви а останатите околу стотина офицери се затрупани од експлозијата и тоа ќе биде нивната вечна гробница. Русите ги таманат како глувци Енглезите, Полјаците и Америте, се наведува во објавата што ја рецензираме.

Постот се повикува на информации од српскиот портал Правда, кој на самиот почеток тврди дека командниот центар на НАТО се наоѓал во Украина во Брјанската област. Но, Брјанската област не е во Украина, туку таа е руска, односно таа е федерална област во Русија, а административен центар е градот Брјанск. Уште на самиот почеток текстот отвора сомнеж за неговата веродостојност.

Понатаму, изнесените тврдења не се поткрепени со никакви докази или изјави од официјални страни, на пример, руската или украинските власти. Нема потврда ниту од НАТО. Единствен извор на кој се повикува текстот е објава од социјалната мрежа Телеграм, која дури и споделува фотографија од наводното уништување на тајната НАТО база во Украина.

Но, доколку ја побарате фотографијата на Гугл, ќе видите дека таа е снимена во 2021 година и истата ги прикажува последиците од рускиот воздушен напад во Сирија.

Освен што нема никакви официјални потврди дека е уништена НАТО база во Украина и што информациите споделени во постот не кореспондираат со реалноста, вреди да се спомне и дека „На територијата на Украина не е дозволено да се наоѓаат странски воени бази“. Тоа го пропишува членот 17 од Уставот на Украина.

Тука ќе ја цитираме и изјавата на Серхи Лешченко, советник на шефот на кабинетот на претседателот:

Тие [базите на НАТО н.з.] не може да се отворат, бидејќи базите на НАТО се отвораат само на територијата на земјите-членки на Алијансата, а Украина нема ни статус на кандидат за НАТО. (55 секунда од видеото)

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...