fbpx

Руски проектили го погодија Харкив, Зеленски во посета на Обединетото Кралство

-

Руските агресори вчеравечер извршија ракетен напад врз украинскиот град Харкив, погодувајќи го централниот дел. Проектилите го погодија и градскиот „Централ парк“, информираше градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов на Телеграм, пренесе Укринформ.

Нападите во североисточниот регион дојдоа откако шефот за национална безбедност на Украина, Олексеј Данилов, во интервју за Ројтерс рече дека се очекува Кремљ да ги таргетира Харкив или Запорижја, кој, пак, се наоѓа во јужниот дел од земјата.

Највисоките украински функционери, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, рекоа дека Москва ќе се обиде да изврши уште една голема офанзива со свежо мобилизирани трупи во следните седмици, како што се наближува една година од почетокот на руската инвазија – на 24 февруари.

Во меѓувреме, во своето обраќање за состојбата на нацијата во Конгресот, американскиот претседател Џо Бајден ја нарече вооружената агресија на Русија, тест за Америка и светот, пренесе Укринформ.

Во својот говор Бајден рече дека Американците мора да одговорат дали ќе се залагаат за одбрана на демократијата и за задржување на мирот.

„Инвазијата на Путин беше тест со години. Тест за Америка, тест за светот. Дали ние би се залагале за најосновните принципи? Дали би се залагале за суверенитет? Дали ќе се залагаме за правото на луѓето да живеат ослободени од тиранијата?“, рече Бајден во своето обраќање.

Американскиот претседател рече дека САД го направиле она што секогаш го прават, односно го воделе и обединиле НАТО и изградиле глобална коалиција.

„Ние застанавме против агресијата на Путин. Застанавме со украинскиот народ“, рече Бајден во Конгресот, каде присутна беше и украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски му се заблагодари на Бајден за зборовите за поддршка за Украина, посочувајќи дека двете земји споделуваат заеднички вредности и цели.

Инаку, Зеленски денеска пристигнува во Велика Британија во својата прва посета во оваа земја по руската инвазија, за да се обрати во парламентот и да се сретне со премиерот Риши Сунак, како и со украинските војници кои се обучувани од британските вооружени сили, јави „Гардијан“.

Преку британската програма за обука на регрути, во последните шест месеци биле обучени 10.000 украински војници.

Премиерот на Обединетото Кралство рече дека обуките што ги нудат на украинските војници ќе се прошират и ќе вклучат пилоти на борбени авиони и маринци, со што би се осигурало дека Украина има војска способна да ги брани своите интереси и во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...