fbpx

Над 30 загинати и 100 повредени во ракетен напад, Зеленски: Ова е зло кое нема граници

-

Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 беа ранети во руски ракетен напад врз железничка станица во источна Украина во петокот, додека цивилите се обидуваа да се евакуираат во побезбедните делови на земјата, соопшти државната железничка компанија, пренесе агенцијата Ројтерс.

Според информациите добиени од Украинските железници ракетите погодиле станица во градот Краматорск, која се користи за евакуација на цивили од областите под напад на руските сили.

„Две ракети ја погодија железничката станица Краматорск“, се вели во соопштението на Украинските железници (УЖ).

Подоцна, како што пренесе Ројтерс, УЖ објавија дополнување во кое е наведено дека според оперативните податоци, повеќе од 30 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се ранети во ракетниот напад на железничката станица Краматорск.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот на железничката станица.

„Окупаторите ја погодија железничката станица Краматорск, каде што илјадници мирни Украинци чекаа да бидат евакуирани. Околу 30 луѓе загинаа, а околу 100 се повредени. Полицијата и спасувачите се веќе на терен. Ова е зло што нема граници. И ако не се казни, никогаш нема да престане“, напиша Зеленски на Инстаграм.

Министерството за одбрана на Русија, според објава на руската државна агенција РИА Новости, за ракетниот напад ја обвини Украина, тврдејќи дека Украинците самите си ги бомбардирале своите цивили.

Според нив, видот на проектилот што бил употребен го користела украинската армија, а руската војска немала цели во Крематорск.

Павло Кириленко, гувернер на регионот Доњецк, изјави дека илјадници луѓе биле на станицата во моментот кога паднале ракетите.

„Рашистите“ („руските фашисти“) многу добро знаеја каде цели и што сакаат: сакаа да посеат паника и страв, сакаа да земат што е можно повеќе цивили“, рече тој.

Кириленко објави фотографија на интернет на која се гледаат неколку тела на земја покрај купишта куфери и друг багаж. Покрај нив стоеи вооружена полиција облечена во јакни.

Друга фотографија покажа дека спасувачките служби се справуваат со нешто што изгледаше како пожар, со сив чад што се издига во воздухот.

Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди автентичноста на тие фотографии.

Шефот на Украинските железници изјави дека три воза со евакуирани лица беа блокирани во истиот регион на Украина во четвртокот по воздушниот напад на пругата.

Украинските власти велат дека руските сили се прегрупираат за нова офанзива и дека Москва планира да заземе колку што може повеќе територија во источниот дел на Украина познат како Донбас кој граничи со Русија.

Локалните власти во некои области ги повикаа цивилите да заминат додека тоа е сè уште можно и релативно безбедно.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...