fbpx

Покрај со Русија на военото поле, Зеленски на домашен терен започна борба и против корупцијата

-

Покрај воената агресија од Русија со која мора да се справува, украинската власт на домашен терен започна и борба против корупцијата меѓу високите функционери, а неопходно е и прочистување на редовите на Службата за безбедност од поединци поврзани со руските тајни служби, пренесуваат светските медиуми.

Би-би-си пишува дека изминативе денови 11 високи функционери си дадоа оставки или беа разрешени поради сомнежи за корупција. Претседателот Владимир Зеленски се обидува да ја врати јавната доверба во власта, но наводите за корупција се сериозни, а тајмингот кога се објавени во јавноста е лош.

Неколку обвиненија за корупција се појавија благодарение на Михајло Ткач, истражувачки новинар на онлајн медиумот „Украинска правда“.

Тој неодамна објави дека компанијата на личниот тренер на висок функционер наводно добила милиони фунти во периодот по почетокот на руската инвазија, а тој објави и сторија за заменик шефот на канцеларијата на претседателот Зеленски. Кирило Тимошенко по ова си даде отказ, и тоа два месеци откако новинарот Ткач пријавил дека Тимошенко го преселил своето семејство во куќа на познат инвеститор, како и дека вози автомобил Порше.

Би-би-си додава дека за Украина самиот чин на добивање милијарди долари воена, хуманитарна и финансиска помош носи одговорност и контрола. Исто така, тоа ја зголемува веројатноста парите да завршат во погрешни раце.

„Зборуваме за постоењето на Украина“, вели истражувачкиот новинар Ткач, додавајќи дека ова не е само една обична година за Украина.

Тој посочува дека бранот на оставки, инициран од претседателот Зеленски, е важно признание и неопходна акција.

Истовремено, Гардијан пишува дека реформи се неопходни и кај украинските тајни служби, а ваквата порака стигнува откако вчера беше уапсен висок украински разузнавач од Службата за безбедност на Украина (СБУ) кој е обвинет за шпионирање во корист на Русија.

Станува збор за потполковник во редовите на СБУ, кој е уапсен откако во неговиот дом се пронајде пакети со пари. Овој разузнавач го користел својот мобилен телефон за фотографирање документи што ги откриваат локациите на воените контролни пунктови на Украина во регионот Запорижја, а потоа ваквите информации преку електронска пошта ги испраќал кон Русија.

Апсењето на овој висок украински разузнавач обвинет за шпионирање во корист на Русија ја истакнува итната потреба за расчистување на клучните безбедносни служби во Украина, изјавил за Гардијан поранешниот заменик-шеф на СБУ Виктор Јахун.

Во меѓувреме, украинските власти информираа дека во вчерашните руски ракетни напади врз Украина загинале најмалку 11 лица, а уште 11 лица се повредени низ целата земја, пренесува Укринформ. Нападите биле раширени низ 11 украински региони, предизвикале два пожари и оштетиле 35 згради. Најголем дел од нападите се резултат на нападите со камиказе-дронови врз населени места во Кијивскиот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поројни дождови ќе има и деновиве, предупредува УХМР

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска и во следните денови повторно ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи,...