fbpx

Руска ракета погоди пазар во Украина, загинаа најмалку 16 лица

Украинските спасувачки екипи во моментов се на терен, а стравувањата се дека има лица кои се наоѓаат под урнатините

-

Најмалку 16 цивили загинаа, а 31 лице е повредено во најновиот руски ракетен напад врз пазар во украинскиот град Костјантиновка, јавува Укринформ. Ракета истрелана од Русија уништила 20 продавници во овој град лоциран во Донецкиот регион, а бројот на жртви во нападот се стравува дека ќе расте. Украинските спасувачки екипи во моментов се на терен, а стравувањата се дека има лица кои се наоѓаат под урнатините.

Украинското обвинителство отвори предистражна постапка за прекршување на условите за војување во согласност со Кривичниот закон на Украина. Нападот се случил во центарот на Костјантиновка, во период на големо движење на луѓе. Украинските власти ја обвинија Русија дека на оваа локација немало никаква воена цел.

Би-би-си пишува дека градот Костјантиновка се наоѓа на околу 30 километри оддалеченост од градот Бахмут и е во близина на фронтот каде се водат интензивни борби меѓу украинските и руските сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...