fbpx

Најмалку 12 загинати цивили во најновиот руски напад во Украина

Според вооружените сили на Украина, Русија лансирала вкупно 158 дронови и ракети, односно досега најголемиот број воздушни оружја истовремено во краток временски период

-

Во серијата руски напади врз цели во Украина, што почна вчера и уште трае, загинати се најмалку 12 цивили. Станува збор за досега најголема покриеност на украинската територија со напади од почетокот на руската инвазија на соседната земја, на 24 февруари 2022 година, јавуваат светските агенции.

Според вооружените сили на Украина, Русија лансирала вкупно 158 дронови и ракети, односно досега најголемиот број воздушни оружја истовремено во краток временски период. Нападите продолжија и утрово и претпладнево.

„Русија го употреби речиси секое оружје во својот арсенал“, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Погодени биле и живеалишта и една гинеколошко-акушерска клиника.

Нападнати биле сите големи градови, од главниот град Кијив, преку Лвив на крајниот запад, Одеса и Запорижја на југот и Днипро и Харкив на истокот на Украина.

Нападите уследија откако САД го усвои конечниот пакет помош за Украина, односно три дена откако Украина уништи голем руски брод усидрен на Крим, кој беше анектиран од Русија пред девет години.

Русија убила 513 деца од почетокот на инвазијата на Украина

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...