fbpx

Објавен е конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година

Предлози за доделување на наградата со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката, може да поднесат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани

-

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година, со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката.

Наградата им се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство, за научна книга или дело објавено во 2023 година.

Право на конкурирање имаат дела од еден автор или група автори што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани. За датумот на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Право на конкурирање немаат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт-фактор, како и поглавја или делови од книги.

Предлози за доделување на наградата, според конкурсот, може да поднесат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Предлогот треба да биде образложен и да содржи: лични податоци за авторот, односно авторите, адреса на живеење, контакт информации, библиографски податоци и кратко образложение за значењето на остварувањето кое се предлага за наградата. Предлозите за научна книга или дело објавени на други јазици треба да содржат кратко резиме на македонски или албански јазик до три страни и содржина на македонски или албански јазик.

Предлогот за доделување на наградата треба да биде приложен во три примероци. Кон предлогот треба да бидат приложени најмалку три оригинални примероци од научната книга односно дело, и примерок во електронска форма доставен по е-пошта.

Предлозите за доделување на наградата треба бидат поднесени најдоцна до 15 февруари 2024 година на адреса следната адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев“

ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје

Наградата „Гоце Делчев“ се доделува на 4 Мај – денот на смртта на Гоце Делчев. Конкурсот и сите информации содржани во него може да се најдат на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...