fbpx

МНР: Македонија влегува во финалето на претседавањето со ОБСЕ

Бујар Османи, во својство на Претседавач со ОБСЕ во текот на изминатата година оствари вкупно 12 посети на теренските операции на ОБСЕ во Украина, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Молдавија, Грузија, Азербејџан, Ерменија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Казахстан, Узбекистан и Туркменистан, наведено е во соопштението на МНР

-

Северна Македонија влегува во финалето на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. И лани и сега земјата интензивно се подготвува за претседавањето, период во кој беа вложени големи напори да бидеме на висината на задачата, соопшти Министерството за надворешни работи.

„За луѓето се работи, беше мото и поттик за нашата работа во текот на претседавањето со ОБСЕ. Се поставивме како Претседателство фокусирано на луѓето, затоа што во свет во превирања, потребите и барањата на луѓето секогаш се на прво место. Нивната безбедност секогаш треба да биде во центарот на напорите на сите политички лидери. Пристапот на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ беше повеќеслоен и фокусиран на: јасна посветеност кон луѓето од Украина и другите региони погодени од конфликти и поддршка на засегнатото население и на институциите, работата на теренските операции на ОБСЕ и нивна поддршка“, наведено е во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Во овие напори, се додава во него, клучни биле ангажманите на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој во својство на Претседавач со ОБСЕ во текот на изминатата година оствари вкупно 12 посети на теренските операции на ОБСЕ во Украина, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Молдавија, Грузија, Азербејџан, Ерменија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Казахстан, Узбекистан и Туркменистан.

„Додека приоритет ѝ беше даден на Украина и на решавањето на последиците од руската воена агресија, ние имавме за цел да ја одржиме доследноста на нашите принципи низ целиот регион на ОБСЕ, со посебен фокус на долготрајните конфликти, зголемените тензии и нивните последици врз луѓето, како и ставање на располагање на алатките на ОБСЕ на оние кои имаат потреба од нив“, наведено е во соопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции во првиот „предизборен“ квартал на ниво од 14,5 отсто – дел од ресорите со 0 реализација

Министерства кои располагаат со буџети за капитални расходи што се бројат во стотици милиони евра, во првиот предизборен квартал од годинава испорачале лазечки стапки на реализација, пишува Порталб.мк. Новите...