fbpx

МНР: Да не се патува во Либан, а граѓаните кои се таму, да ја напуштат земјата

Сите државјани на Северна Македонија што моментално се наоѓаат во Либан, треба веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378

-

Министерството за надворешни работи (МНР) упати повик кон сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан, поради сложената безбедносна состојба во регионот.

Истовремено, МНР порачува дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачува на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја напуштат земјата.

„Потсетуваме дека Северна Македонија нема дипломатско Конзуларно претставништво во Република Либан и соодветно, значително намалено присуство во земјата, што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до дополнително влошување на безбедносната состојба“, се вели во соопштението.

Сите државјани на Северна Македонија што моментално се наоѓаат во Либан, треба веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378.

На располагање се и СОС телефоните на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и следната и-мејл адреса: [email protected].

„Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан и регионалното опкружување и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...