Ова не е вонредна ситуација од месец-два, Османи со невистина

И двајцата со различна контекстуелизација што им одговара на нивната перспектива на гледање, сепак потврдија дека обрасци има малку и дека една поголема тура се чека за крајот на месец февруари и почетокот на март (околу 250-300 илјади)

-

Бројот на иселени државјани на РСМ што работат во Европа, бројот на издадени пасоши, бројот на пасоши што треба да се издадат, капацитетите на машините што ги печатат, бројот на резервите на обрасци и динамиката со која се очекуваат и ред други нешта покажуваат дека Османи говори желба, а не вистинита проценка за тоа колку ќе трае вонредната состојба со издавање на патните исправи во ДКП-ата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи даде изјава во која може да се најдат елементи на невистина:

Изјава: Оваа криза нема да трае две години. Ова е еден месец-два месеца. Ова е вонредна ситуација. И сега треба да се организираме и вонредно да работиме. Затоа во недела доаѓам, за да видам дека и во недела се работи. Ние ќе треба тука да се организираме, да се дуплира бројот на оние што се сликаат.

[Извор: ДВ – Османи во февруарски поход…, датум: 19.02.2024]

 

Образложение:

Министерот за надворешни работи во разговор со вработени во нашите дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) во Централна и Јужна Европа ги охрабрува дипломатите и службениците да работат во две смени и во саботи и недели за издавање на пасоши со новото име на државата со образложение дека „ова е вонредна ситуација“ која ќе трае „месец-два“, што е невистина.

Невистината лежи во фактичката ситуација која произлегува од досега издадените пасоши и други лични документи и од потребата да се издадат нови на сите државјани. Имено, досегашната бројка на испечатени и издадени со новото име на државата е околу 1,3 милиони, што го потврдија со прецизните бројки што ги говореа и стариот и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Панче Тошковски. Остануваат за изработка уште околу 1 милион пасоши. За да се испечатат и издадат потребни се т.н. обрасци, т.е. празни патни исправи во кои се внесуваат биометриските податоци на граѓаните што аплицираат за издавање. И двајцата со различна контекстуелизација што им одговара на нивната перспектива на гледање, сепак потврдија дека обрасци има малку и дека една поголема тура се чека за крајот на месец февруари и почетокот на март (околу 250-300 илјади).

Кога ова ќе се земе предвид, а имајќи притоа сознание дека стотици илјади граѓани се фотографирани и чекаат обрасци во земјата, како и фактот за бројноста на дијаспората, т.е. граѓани на РСМ кои живеат и работат постојано или привремено во Италија, Швајцарија, Германија, но и Велика Британија и Франција, земји што не се во приоритетот на Османи, сосема е јасно дека кризата не може да трае „месец-два“. Уште повеќе што капацитетот на работа на машините за вадење патни исправи максимум е 50 илјади месечно, со работа во две смени и под услов да не се случи дефект. Податок што, исто така, го кажаа и Спасовски и Тошковски.

Имајќи ги предвид овие факти сосема е јасно дека кризата не може да трае до крајот на март-април, не земајќи го предвид и февруари, затоа што тоа е физички невозможно, особено со една мобилна станица во Италија, на пример, која по распоред ќе се дислоцира (сосе потребните лица) од Венеција, каде што Османи ја даде изјавата, во Рим и на Малта, каде што, исто така, има многу илјади македонски државјани кои што работат во таа островска држава.

Оттука, изјавата на Османи може да се оцени како невистина, со впечаток дека е кажана поради роковите за закажаните парламентарни и претседателски избори, кои за Османи и неговата ДУИ се очигледно важни аргументи, имајќи ги предвид гласачите кои доаѓаат од дијаспората.

 

Извори:

 

Оцени: Теофил Блажевски

 

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...