петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Преспа | 23 резултати

МНР: Избраните функционери да го почитуваат договорот од Преспа

13 мај 2024

Министерството за надворешни работи (MНР) ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа. Ова е наведено во соопштението испратено од МНР, во кое […]

МЕД креираше друштвена игра во која се спасува биодиверзитетот на Преспа

21 октомври 2023

„Преспа“ е нова друштвена игра креирана од Македонското еколошко друштво, преку која на забавен и креативен начин се мотивираат децата и возрасните да се грижат за заштита на живиот свет во Преспа. Тие треба да заштитат пет преспански животни, растенија или живеалишта, а за да го постигнат тоа треба повеќепати да го обиколат целиот прекуграничен […]

Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Охрид и Преспа

9 февруари 2023

Земјотрес со јачина од 3.9  според Рихтерова локална магнитуда, денес го стресе тлото на Албанија. Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со епицентралното подрачје Елбасан, Албанија го регистрираше 130 километри југозападно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага […]

Пеликани угинале од птичји грип во Грција, има случаи и кај нас

11 март 2022

Македонското еколошко друштво информира дека деновиве во малото Преспанско Езеро во Грција се пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани. Птиците, кои биле забележани од организациja од ПреспаНет Society for the Protection of Prespa (SPP) угинале од птичји грип H5N1. Од МЕД соопштуваат дека ги информирале сите наши релевантни институции, по што вирусот бил потврден и […]

На 10 јули ќе започне мултимедијалниот фестивал Prespaland 2021

6 јули 2021

Со низа активности и концерти, овој викенд во Преспа ќе започне првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата- PRESPALAND 2021, информираат организаторите на фестивалот. Во јули, август и септември, во рамки на фестивалот, ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и […]

Две години по Преспанскиот Договор, земјава е членка на НАТО и пред старт на преговорите за ЕУ

17 јуни 2020

Две години по Договорот од Преспа, од тотална изолација на меѓународната сцена, Северна Македонија стана членка на НАТО и се врати на агендата за проширување на Европската Унија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешниот настан за одбележување на годишнината од потпишување на Преспанскиот Договор. – Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување […]

Ден на биодиверзитетот: Во Преспа се пребројува најголемата колонија на пеликани во светот

22 мај 2020

Пребројување на најголемата популација на кадроглави пеликани во светот која живее на Преспанското езеро, е главната активност на Македонското еколошко друштво во одбележувањето на 22 Мај, Денот на биодиверзитетот. Проектот има регионално значење и се одвива во соработка со партнерските организации од Грција и Албанија – Друштвото за заштита на Преспа (SPP) и Друштвото за […]

Причина за ниското ниво на Преспанското Езеро се климатските промени, а не истекот и наводнувањето, велат еколозите

26 февруари 2020

Последната долга суша е одговорна за досега најголемото опаѓање на нивото на водата на Преспанското Езеро, е ставот на експертите од Македонското еколошко друштво (МЕД). Ова здружение на стручни лица од областа на заштитата на животната средина, гео и биодиверзитетот излезе во јавност со став дека истекот во Охридското Езеро и употребата на водата за […]

Промовиран зборникот „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008 – 2018“

10 февруари 2020

Фондацијата Отворено Oпштество – Македонија денеска го промовираше зборникот „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008 – 2018“ во Даут-пашин амам. – Најсилниот мотив да пристапиме кон изработка на еден ваков зборник беше за да се обидеме барем делумно да придонесеме кон колективното паметење или да се спротивставиме на заборавот. Во […]

Добри сигнали од првата средба на премиерот на Северна Македонија со новиот грчки колега

27 септември 2019

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, за првпат се сретна со неговиот колега од Грција Кирјакос Мицотакис со кого разговараа за односите Северна Македонија- Грција. Главната тема на состанокот беше Договорот од Преспа, потпишан на 17 јуни 2018 година. По се изгледа, по преземањето на новата […]

Охридско-преспанскиот резерват може да донесе одржлив развој за населението

12 септември 2019

Преку изработка и спроведување краткорочни и среднорочни акциски планови за менаџирање на биосферниот резерват Охрид-Преспа, како и со анализа на моменталните економски трендови и разбирање на економските потреби на населението кое живее на просторот на резерватот, сосема е можно економски да се развива овој регион без притоа да се загрозуваат неговите природни ресурси. Прекуграничниот биосферен […]

Во Преспа потпишана спогодбата со Грција

17 јуни 2018

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас во селото Псарадес (Нивици) на грчкиот брег на Преспанското Езеро претпладнево ја потпишаа „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817  (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од […]

Димитров, Коѕијас и Нимиц ќе го потпишат договорот денеска во Преспа

17 јуни 2018

Премиерот Зоран Заев, ја предводи делегацијата на Владата, на свечената цермонија на потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, што денеска, ќе се одржи на македонската и на грчката страна на Преспанско Езеро. Премиерот Заев и македонската делегација, во чиј состав се замениците претседатели на владата, министерката […]

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

16 јуни 2018

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање […]

Договорoт за името, ако се постигне, ќе се потпише во Преспа

17 мај 2018

Двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денес ќе имаат тет-а-тет средба во Софија. И во двете земји постои воздржан оптимизам, па и владитe со последните изјави само ја нагласуваат важноста и неизвесноста на резултатот од средбата, но и најавуваат дека има уште време и простор за конечен договор. Според грчките медиуми, тој договор, без […]

Македонец уапсен за нелегален риболов во голема Преспа

13 февруари 2017

Грчката полиција уапси еден Македонец и четворица Албанци за нелегален риболов во Преспанското езеро од грчка страна. Петтемина се на возраст од 32-38 години и биле уапсени од граничната полиција во Лерин. Полицијата ги запленила двата нивни моторни чамци во кои имало 100 килограми риба и опрема за риболов. Уапсените ќе бидат изведени пред обвинител […]

Промоција на Охрид и на Преспа како биосферна туристичка дестинација

18 март 2016

На последниот работен ден од Светскиот конгрес на биосферни резервати во Лима, учесниците ги одобрија декларацијата и акцискиот план од Лима, за периодот 2016-2025 година. – Придобивката од новиот акционен план од Лима е можноста за користење искуства, но и за финансиска поддршка за изготвување на управувачки план за Охрид – Преспа и за негова промоција како биосферна […]

Трговците навалија на преспанското „муцо“ уште не созреано

26 август 2015

На еден месец пред преспанската берба на јаболка откупувачите навалија на преспанското јаболко од сортата „муцо“ уште не созреано. Како ретко кога досега во август се продадени близу 100 тони јаболко и тоа за откупна цена од 18 до 20 денари за килограм. Преспанските овоштари велат дека после седум до осум години проблеми со откупот […]

Овоштарите од Преспа пак извисија со обештетувањето од Владата

26 февруари 2015

И по осум месеци од невремето во Преспа, кога силен град уништи половина од овошните насади, преспанските овоштари немаат земено ниту денар од државата како обештетување за уништениот род. Згора на сè, една третина од годинешниот род , или 20.000 тони јаболка, остана да скапува по магацините поради пребирливоста на странските пазари. Овоштарите велат дека […]

Страна 1 од 1