fbpx

Заев и Мицотакис договориле поголема економска соработка и спроведување на Договорот од Преспа

-

Премиерот Зоран Заев синоќа се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на маргините на Самитот во Солун.

Средбата како што информираат од Владата, поминала во пријателска и конструктивна атмосфера.

„Се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои прашањето на поддршката на Грција во претстојниот период за да се забрза претстојниот процес за старт на преговорите на нашата земја за членство во ЕУ. Двајцата премиери изразија согласност дека позитивниот исход на ова прашање со што ќе биде потврдена европската перспектива на Македонија, ќе биде од огромен придонес за сигурноста и стабилноста на регионот и ќе биде дополнителен поттик за економските односи кои од потпишувањето на Договорот од Преспа бележат нагорен тренд. Во разговорот беше нагласено дека тоа е нов поттик за економските врски меѓу двете земји и произлегува и од фактот дека Грција е втор најголем трговски партнер на нашата земја, чија вредност на вкупните инвестиции, ја става на високото трето место“, се вели во соопштението од Влада.

Двајцата премиери на средбата ја потврдиле посветеноста на двете земји за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во Договорот од Преспа.

На средбата меѓу претседателите на владите на Северна Македонија и на Грција било истакнато дека ќе се обезбедат услови за поинтензивна работа на комисиите на двете земји кои работат на утврдувањето на трговските марки.

Инаку, во Грција вчера беа промовирани новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи. Слоганот е „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промовирани новите полициски службеници, генерација 2023-2024

Денеска се одржа пригодна церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството...