Специјалистите по семејна медицина утре ќе одржат акција наменета за граѓаните за мерење на крвен притисок, гликемија, пикфлоуметрија и давање на совети за здрави животни навики, соопшти Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина (ЗЛОМ СМ).
Акцијата ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје во периодот од 11 до 14 часот. Настанот се одржува по повод 19 Мај, Светскиот ден на семејниот лекар.
Овогодишното мото на Светската организација на семејни лекари е „Здрава планета, здрави луѓе“.