Во болницата во Битола денеска починало новороденче. Родилката е на возраст од 24 години, а министерот за здравство Фатмир Меџити, по информацијата за починатото новороденче, ги откажал своите ангажмани и ја посетил Клиничката болница Битола, а на родилката, на која ова ѝ било прво породување, ѝ изразил сочувство.

„Директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски изјави дека во текот на породување настапила брадикардија, која покрај срцево-белодробно оживување е констатирана смрт. Од директорот е даден налог за обдукција. По налог на министерот утре ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на текот на лекување на починатото новороденче“, наведено е во соопштението од Министерството за здравство.