fbpx

Грковска: Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција

Како најголема пречка во секојдневното работење на инспекторатите, на состанокот била издвоена неусогласеноста на одредени материјални закони по кои постапуваат инспекциските служби со Законот за инспекциски надзор

-

Многу е важно инспекторатите кои сè уште ја немаат дигитализирано инспекциската постапка да ги направат сите неопходни подготовки за да се запази утврдената динамика. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, на координативниот состанок со претставници на сите државни инспекторати, а на кој присуствувала и претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска.

Тема на состанокот била динамиката на дигитализацијата на инспекциската постапка Е-инспектор, преку која значајно се отстранува субјективниот фактор, а со тоа се намалуваат и ризиците од корупција во инспекциските надзори.

Како најголема пречка во секојдневното работење на инспекторатите, на состанокот била издвоена неусогласеноста на одредени материјални закони по кои постапуваат инспекциските служби со Законот за инспекциски надзор, од кои дел веќе подолг период се во собраниска процедура.

Грковска ја нагласила важноста од зголемување на транспарентноста на инспекциските служби и во поглед на јакнење на интегритетот на инспекторите, но и како начин да се зголеми нивната безбедност во исполнувањето на работните обврски. Во насока на понатамошно подобрување на отвореноста на овие служби преку објавување на записниците од извршените надзори, бил донесен заклучок да се изврши консултација со Агенцијата за заштита на лични податоци за да се дефинира соодветната форма која ќе овозможи унапредување на транспарентноста, а истовремено да не биде спротивна на регулативата за заштита на личните податоци.

Со директорите на државните инспекторати се разговарало и за потребата од зголемување на координацијата помеѓу инспекторатите и Инспекцискиот совет, со цел да се зголеми ефикасноста, но и квалитетот на работењето на инспекторите, информираа од кабинетот на Грковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...