fbpx

Реакции на Косово по апсењето на општинскиот советник од партијата на Курти во Тирана

Демократската партија на Косово денеска побара оставка од Мујеци, што во меѓувреме и се случи

-

Косовската опозиција ја обвинува владејачката Самоопределување и нејзиниот лидер – косовскиот премиер Албин Курти, за криминал и за „соработка“ со Србија, по апсењето на членот на владејачката партија во градското собрание на Приштина, Бесник Мујеци во Албанија, пренесува Коссев.инфо.

Мујеци вчера беше уапсен во група со уште четири лица. Одземени биле 11.300 таблети – екстази во вредност од околу 400.000 евра, а одземени биле и количини канабис.

Како што пишува Коссев.инфо, една од партиите во Косово тврди дека екстазите, за кои се сомневаат дека Мујеци ги шверцувал во Албанија, наводно потекнуваат од Србија.

Од опозициската Демократска партија на Косово велат дека наместо функционерите на Самоопределување да се занимаваат со безбедноста на Косово, тие всушност предизвикуваат штета, па дури и ја уништуваат иднината на младите со продажба и дистрибуција на наркотици.

Претседателот на комисиската група на Демократската партија на Косово во Приштина, Љеутрим Реткоцери, на вонредна прес-конференција побара итна истрага. Тој рече дека е крајно вознемирувачки што Мујеци бил назначен за акционер на ЈП „Автобуска станица“, чии автобуси се користеле за транспорт на дрогата, а тоа го потврдила и албанската полиција.

Тој изрази сомнеж дека поради големото количество дрога, Мујеци можеби не е единствениот инволвиран во „оваа голема афера на шверц и продажба на дрога“.

„Нашите прашања до органите на прогонот се јасни: Од каде му е на наркодилерот од Самоопределување Бесник Мујеци оваа количина дрога? Колку пати до денес, користејќи службени канали и институционалната положба на автобуската станица, шверцувал дрога во Албанија? Дали Албанија е единствената земја во која Бесник Мујеци шверцувал дрога? Има ли други луѓе од редовите на оваа партија кои се вмешани во оваа голема нарко афера? Зошто Бесник Мујеци до ден денес не е уапсен на Косово? Имаше ли заштита на функционерите и другите институции кај нас?“, праша Реткоцери во своето обраќање до јавноста, што во текот на денот го пренесоа албанските медиуми.

Демократската партија на Косово денеска побара оставка од Мујеци, што во меѓувреме и се случи. Медиумите во Приштина попладнево објавија дека Самоопределување го исклучила Бесник Мујеци од своето членство.

Косовската министерка за правда, Аљбулена Хаџиу, исто така од Самоопределување, на Фејбуск напиша дека постапките на Мујеци биле „сериозни кривични дела“, порачувајќи дека судските органи треба да му доделат максимална казна.

Со реакција се јавија и другите опозициски партии на Косово, кои исто така побараа истрага за сите инволвирани во аферата, како и за политичката поддршка што групата ја добивала.

Општински советник од партијата на Курти меѓу петмина уапсени во Тирана за шверц на дрога

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...