fbpx

Во Софија убиен познатиот бугарски бизнисмен Алексеј Петров

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков се огласи со реакција по убиството на Петров, барајќи итна реформа на безбедносниот сектор на земјата

-

Еден од последните позначајни бизнисмени од транзицискиот период во Бугарија, Алексеј Петров денеска е убиен во софискиот кварт „Драгалевци“, јавува mediapool.bg. Првичните информации говорат дека кон него било стрелано од пушка, а во моментот Петров имал тројца телохранители. Убиениот имал обичај да се шета на локацијата каде било пукано.

Во последниве две децении врз Алексеј Петров биле извршени два неуспешни атентати – во 2002 и во 2015 година. Инаку, тој има матно транзициско минато. Петров во 2010 година бил приведен и обвинет дека е водач на криминалната крупа „Октопод“, која се занимавала со рекет и изнуда.

Обвинителниот акт поднесен за време на првата влада на Бојко Борисов заврши со ослободување на Петров, по што бугарската држава мораше да плати десетици милиони евра обесштетување на него и неговата компанија.

Според неговата официјална биографија, Алексеј Петров бил поранешен член на специјална антитерористичка единица, а по заминување од единицата почнал приватен бизнис. Бил познат како сопственик на осигурителната компанија „Аполо и Балкан“.

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков се огласи со реакција по убиството на Петров, барајќи итна реформа на безбедносниот сектор на земјата.

„Време е за итни и длабоки реформи. Ќе работиме заедно со владата за да постигнеме вистински и брзи резултати“, напиша Кирил Петков, кој е копретседател на коалицијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија што е дел од актуелната бугарска влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...