среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Кирил Петков | 47 резултати

Во Бугарија Борисов во блага предност, можна е широка коалиција

3 април 2023

Според најновите информации за вчерашните парламентарни избори во Бугарија, петти по ред во последните две години, во блага предност е коалицијата ГЕРБ-СДС, на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според 93,39 отсто од пребројаните гласови во реонските изборни комисии, коалицијата ГЕРБ-СДС води со малу повеќе од 2 проценти пред коалицијата Продолжуваме со […]

ГЕРБ со предност во промили пред коалицијата на поранешниот премиер Кирил Петков

30 март 2023

Пет политички партии ќе влезат во идниот парламент на Бугарија, при што двете најсилни политички сили – Коалицијата ГЕРБ-СДС на некогашниот премиер Бојко Борисов и Продолжуваме со промената (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ), која беше главниот фактор во последната коалициска влада на Бугарија, се речиси изедначени во изборните шанси. За крајниот резултат на парламентарните избори […]

Објавени конечните резултати во Бугарија, победничката ГЕРБ речиси и нема шанси да формира влада

6 октомври 2022

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Бугарија што се спроведоа во неделата. Според нив најјаката парламентарна сила во 48-от парламент на Бугарија ќе биде „„Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, со 67 пратеника, известува бугарскиот онлајн-медиум […]

ГЕРБ победи на изборите во Бугарија, „Продолжуваме со промената“ втори – Петков останува во опозиција

3 октомври 2022

На вчерашните избори во Бугарија, во парламентот пратенички места си обезбедија седум политички формации, при што најмногу гласови добила коалицијата водена од „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ). Станува збор за коалиција партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов и на Сојузот на демократските сили (СДС), во која втората партија речиси е […]

Вистиномер: Не е точно дека СЗО и бугарската влада договориле нов бран на сојот омикрон

29 јули 2022

Не е вистина дека Кирил Петков и претставник од СЗО договориле со владата на Бугарија пик на сојот омикрон со 10.000 случаи дневно и бустер дози за учениците. Станува збор за комплетна измислица. СЗО нема овластување да издава наредби до земјите членки, ниту да се меша во внатрешните одлуки што тие ги носат за прашања […]

Трет пат претседателот Пендаровски ја обвинува Москва дека се меша во внатрешните работи на Северна Македонија

29 јули 2022

Македонскиот претседател Стево Пендаровски по трет пат месецов во интервју за медиумите говори за руското мешање во внатрешните работи на земјава. Во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“, Пендаровски открива дека постојат сознанија кај надлежните органи за луѓе што доаѓале за да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои […]

Петков: Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот

28 јули 2022

Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за британскиот весник „Тајмс“, а чии најважни поенти ги пренесува Медиа Пул. За време на краткиот премиерски мандат, Петков вели дека успеале да ја ограничат корупцијата на локално ниво во Бугарија, но и откриле дека имале поголем непријател, […]

„Продолжуваме со промената“ го врати мандатот, нема да преговара со ИТН на Трифонов ако таа партија добие мандат

9 јули 2022

Партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) на сегашниот премиер на Бугарија во оставка Кирил Петков, вчера го врати мандатот за формирање нова влада, бидејќи не успеа да собере парламентарно мнозинство што би го изгласало предложениот коалициски владин кабинет, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Асен Василев, кој беше номиниран за премиер и го доби мандатот од претседателот […]

Партијата на Кирил Петков попладнево ќе го врати мандатот – не успеа да собере мнозинство

8 јули 2022

Премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков, очекува мандатот за составување влада да биде вратен, оти неговата партија „Продолжуваме со промената“ (ПП) не успеала да обезбеди поддршка од 121 пратеник за нова влада, јави mediapool.bg. Петков изјавата ја даде од Грција, каде учествува на церемонијата за завршувањето на изградбата на Меѓусистемската гасоводна врска Грција – […]

Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

27 јуни 2022

Точно во 10:13 часот (9:13 часот по македонско време) претпладнево, оставката на владата на Кирил Петков е поднесена во Архивата на Народното собрание, јави Бугарското национално радио (БНР). Оставката не е доставена од премиерот Петков или од некој министер, туку била донесена од курир. Во меѓувреме, беше најавено дека уште една крупна политичка фигура ќе […]

Петков од Брисел: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

24 јуни 2022

Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор, порача бугарскиот премиер пред оставка Кирил Петков од Брисел, каде учествува во состанокот на Европскиот Совет, пренесе бугарската телевизија бТВ. Тој ја повика македонската влада „да ја поведе својата нација“. Петков изјавата ја даде откако бугарскиот парламент денеска усвои резолуција за кревање на ветото. Резолуцијата го […]

Политико: Кирил Петков го вперува прстот кон мафијата и Русија за падот на бугарската влада

23 јуни 2022

Досегашниот бугарски премиер Кирил Петков ја обвини Русија и моќната бугарска мафија за изгласувањето недоверба на неговата влада, пишува Политико. Престижниот американски медиум во својот текст објаснува дека владата на Петков дојде на власт во Бугарија пред само шест месеци со ветување дека ќе се бори против корупцијата во земјата и зазеде невообичаено цврст став […]

Изгласана недоверба на Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков

22 јуни 2022

Денеска, 22.06.2022 година, нешто по 19 часот по бугарско време ѝ беше изгласана недоверба на владата на премиерот Кирил Петков чиј мандат се окарактеризира со исклучителни напори за решавање на спорот со Северна Македонија, кревање на ветото и одблокирање на процесот на проширување на Европската унија. За недоверба на владата гласаа 123 пратеници, а против […]

Петков инсистира „францускиот предлог“ да помине во парламентот па потоа да се одлучува за ветото

22 јуни 2022

Бугарскиот премиер Кирил Петков не го прифати предлогот на поранешниот премиер Бојко Борисов, владата на Бугарија да го одобри „францускиот предлог“ за кревање на ветото за Северна Македонија пред да помине расправата во парламентот. Претходно, Борисов, кој пред околу две години го постави ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, денеска најави дека […]

Бугарскиот парламент расправа за гласањето доверба на владата на Кирил Петков, во Софија протести

21 јуни 2022

Во бугарскиот парламент денеска се расправаше за гласањето доверба на владиниот кабинет предводен од Кирил Петков. Расправата веројатно ќе продолжи до утре, а гласањето доверба би се случило в четврток. Ова е прво барање да се изгласа недоверба на владата предводена од Кирил Петков, известува mediapool.bg. Расправата течеше со многу обвинувања и кон владата и […]

Уште еден пратеник ја напушти партијата на Слави Трифонов, премиерот Петков убеден дека ќе има и други

17 јуни 2022

Партијата „Има таков народ“ (ИТН), на бугарскиот шоумен Слави Трифонов денеска изгуби уште еден пратеник – тоа е шестиот што ја напушти партијата откако таа излезе од владејачката коалиција. Пратеникот Кирил Симеонов од Варна денеска во емоционален говор во парламентот рече оти му е срам што вчера гласал заедно со ГЕРБ и ДПС за разрешувањето […]

Партијата на бугарскиот премиер „оди“ кон обезбедување мнозинство во парламентот на сметка на Слави Трифонов

13 јуни 2022

Откако денеска бугарскиот весник „24 Часа“ објави дека седуммина пратеници на парламентарната група на партијата „Има таков народ“ (ИТН) ќе ја напуштат и ќе застанат во поддршка на владејачката коалиција, од која нивната партија излезе минатата недела, засега и од нивната партија и од коалицијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) на премиерот Кирил Петков нема ниту […]

Бугарскиот премиер Петков ги повтори трите барања, Вархеји се надева на решение до крајот на месецов

9 јуни 2022

На заедничка прес-конференција во Софија со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, бугарскиот премиер Кирил Петков денеска се „спротивстави на лажните вести“ дека сака самостојно да го крене ветото за Северна Македонија и рече дека Бугарија има три услови за Северна Македонија. Вархеји пак рече дека Европската Комисија е фрустрирана од тоа што сè уште нема […]

Медиапул: Три се варијантите за излез од политичката криза во Бугарија

9 јуни 2022

Откако вчера, не сосема неочекувано, шоуменот и релативно тазе политичар Слави Трифонов објави дека министрите во четири-партитната влада на Бугарија од неговата партија „Има таков народ“ (ИТН) ќе станат од нивните фотелји поради острата спротивставеност на владините партнери во врска со политиката кон Северна Македонија и за трошењето на државните пари, бугарскиот новински сајт mediapool.bg […]

Партијата на Слави Трифонов излегува од бугарската влада поради „Македонија и банкротот“

8 јуни 2022

По отприлика половина година на затегнати односи, се распадна владината коалиција во Бугарија. Шоуменот Слави Трифонов, претседател на „Има таков народ“ во видеообраќање соопшти дека ги повлекува министрите од партијата од владата и излегува од неа, јави Бугарското национално радио (БНР). Потегот на Трифонов уследи по долгите несогласувања во коалицијата, во која за разлика од […]

Страна 1 од 3