fbpx

Коалициската влада во Бугарија во премрежје пред „уставниот испит“

Клучните измени се начинот на функционирањето на правосудството - се предлага раздеелување на Вишиот судски совет на обвинителски совет и судиски совет, како и намалување на овластувањата на главниот обвинител

-

Политичката сцена во Бугарија се вжештува, откако двата главни коалициски партнери во владата покажаа разногласие околу работата на владата, во очекување на смената на главните играчи во коалициската влада, која треба во март следната година да добие нов премиер.

Како што пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, Бојко Борисов, поранешниот премиер и прв човек на партијата ГЕРБ, која што е еден од главните фактори во владата, зборува за смена на министри веќе еден месец, а претпладнево повторно напомена дека в март, кога сегашната министерка за надворешни работи Марија Габриел, треба да ја преземе премиерската функција, сите министри треба да бидат оценувани дали заслужуваат функција и понатаму.

Борисов инаку главната поента ја направи вчера, кога напомена дека слабите министри треба да си одат, а потоа, исто така поранешниот премиер Кирил Петков, и еден од лидерите на коалицијата „Продолжуваме со промената“ – „Демократска Бугарија“, врати дека Борисов треба да биде горд што поддржува ваков владин кабинет.

Денеска Борисов напомена дека во коалицискиот договор е напишано дека кога ќе се смени премиерот (сегашен премиер е човек предложен од ПП-ДБ), би требало да се оценуваат сите министри, како и дека како што тој не може да направи ништо без поддршка од ПП-ДБ, така и тие не можат ништо без ГЕРБ.

Одмерувањето на силите, инаку, се случува пред уставните измени во Бугарија, коишто денеска се на прво читање во бугарскиот парламент. Предлозите за уставни измени се на трите најмоќни сили: ПП-ДБ, ГЕРБ и Движење за права и слободи (ДПС).

Клучните измени се начинот на функционирањето на правосудството – се предлага разделување на Вишиот судски совет на обвинителски совет и судиски совет, како и намалување на овластувањата на главниот обвинител.

Покрај тој, се предлага и отфрлање на можноста за техничка влада, како и промена на денот на националниот празник од 3 март на 24 мај. Но, шансите тоа да се случи се мали, оти и ГЕРБ и ДПС се категорички против да се менува националниот празник „бидејќи тоа создава напрегнатост во општеството“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...