понеделник, 12 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Продолжуваме со промената | 19 резултати

ГЕРБ за мандатар за новата влада на Бугарија го предложи неврохирургот Габровски

5 декември 2022

Партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов реши за мандатар за формирање на нова политичка влада на Бугарија да го предложи неврохирургот проф. д-р Николај Габровски, за кој сметаат дека е политички неутрален кандидат, известува бугарскот онлајн-медиум mediapool.bg. Претседателот на Бугарија Румен Радев претпладнево му го врачи мандатот и Габровски има седум дена за […]

Поранешната владејачка коалиција во Бугарија подготвена да предложи малцинска влада

23 ноември 2022

„Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“, двете главни членки на претходната владејачка коалиција во Бугарија се подготвени да предложат малцинска влада. Веста беше соопштена на прес-конференција во Софија денеска, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Овој чекор уследува после неколку седмици од последните парламентарни избори и консултации кај претседателот Румен Радев. „Продолжуваме со промената“ (ПП) и „Демократска […]

ГЕРБ победи на изборите во Бугарија, „Продолжуваме со промената“ втори – Петков останува во опозиција

3 октомври 2022

На вчерашните избори во Бугарија, во парламентот пратенички места си обезбедија седум политички формации, при што најмногу гласови добила коалицијата водена од „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ). Станува збор за коалиција партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов и на Сојузот на демократските сили (СДС), во која втората партија речиси е […]

ГЕРБ го врати мандатот, бугарскиот претседател ќе прави нов круг консултации пред да го даде третиот мандат

14 јули 2022

Како што и беше најавено, денеска откако претседателот на Бугарија Румен Радев го врачи вториот по ред мандат за составување нова влада, тој експресно му беше вратен. ГЕРБ, втората парламентарна сила, како што повеќепати претходно најави, го врати мандатот, јави mediapool.bg. Претседателката на парламентарната група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, го врати вториот мандат за формирање […]

„Продолжуваме со промената“ го врати мандатот, нема да преговара со ИТН на Трифонов ако таа партија добие мандат

9 јули 2022

Партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) на сегашниот премиер на Бугарија во оставка Кирил Петков, вчера го врати мандатот за формирање нова влада, бидејќи не успеа да собере парламентарно мнозинство што би го изгласало предложениот коалициски владин кабинет, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Асен Василев, кој беше номиниран за премиер и го доби мандатот од претседателот […]

Партијата на Кирил Петков попладнево ќе го врати мандатот – не успеа да собере мнозинство

8 јули 2022

Премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков, очекува мандатот за составување влада да биде вратен, оти неговата партија „Продолжуваме со промената“ (ПП) не успеала да обезбеди поддршка од 121 пратеник за нова влада, јави mediapool.bg. Петков изјавата ја даде од Грција, каде учествува на церемонијата за завршувањето на изградбата на Меѓусистемската гасоводна врска Грција – […]

Анкета во Бугарија: Партиите на Борисов и Петков изедначени, „Има таков народ“ не би влегла во парламентот

6 јули 2022

Најновата анкета на „Алфа рисрч“ покажува дека партијата „ГЕРБ“ на Бојко Борисов и „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков имаат минимална разлика во популарноста доколку во Бугарија се одржат предвремени парламентарни избори, пренесува bTV Novinite. За „ГЕРБ“ на Борисов би гласале 21,5 отсто од граѓаните кои учествувале на анкетното истражување, додека „Продолжуваме со промените“ на […]

Уште еден пратеник ја напушти партијата на Слави Трифонов, премиерот Петков убеден дека ќе има и други

17 јуни 2022

Партијата „Има таков народ“ (ИТН), на бугарскиот шоумен Слави Трифонов денеска изгуби уште еден пратеник – тоа е шестиот што ја напушти партијата откако таа излезе од владејачката коалиција. Пратеникот Кирил Симеонов од Варна денеска во емоционален говор во парламентот рече оти му е срам што вчера гласал заедно со ГЕРБ и ДПС за разрешувањето […]

Претседателот на бугарскиот парламент разрешен, новото мнозинство сака да ја турне и владата

16 јуни 2022

Никола Минчев повеќе не е претседател на Народното собрание, односно парламентот на Бугарија откако денеска пратениците изгласаа негово разрешување. Од вкупно 239 пратеници, 125 гласаа „за“, 113 беа против негово разрешување, а еден пратеник од „Продолжуваме со промената“, партиската алијанса на премиерот Кирил Петков, беше воздржан. Во дискусиите бугарскиот премиер беше обвинуван за национално предавство […]

Партијата на бугарскиот премиер „оди“ кон обезбедување мнозинство во парламентот на сметка на Слави Трифонов

13 јуни 2022

Откако денеска бугарскиот весник „24 Часа“ објави дека седуммина пратеници на парламентарната група на партијата „Има таков народ“ (ИТН) ќе ја напуштат и ќе застанат во поддршка на владејачката коалиција, од која нивната партија излезе минатата недела, засега и од нивната партија и од коалицијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) на премиерот Кирил Петков нема ниту […]

Партијата на Слави Трифонов излегува од бугарската влада поради „Македонија и банкротот“

8 јуни 2022

По отприлика половина година на затегнати односи, се распадна владината коалиција во Бугарија. Шоуменот Слави Трифонов, претседател на „Има таков народ“ во видеообраќање соопшти дека ги повлекува министрите од партијата од владата и излегува од неа, јави Бугарското национално радио (БНР). Потегот на Трифонов уследи по долгите несогласувања во коалицијата, во која за разлика од […]

Анкети во Бугарија: ГЕРБ на Борисов води пред „Продолжуваме со промената“ на Петков

19 април 2022

Според две анкети спроведени во Бугарија, чии резултати се објавени вчера и денеска, главната партија во актуелната владејчка коалиција, односно „Продолжуваме со промената“ го загуби приматот во довербата на гласачите пред ГЕРБ на Бојко Борисов, која долго владееше со Бугарија. Исто така, повеќе од половината Бугари не сметаат дека актуелната владејчка коалиција ќе го заврши […]

Ковачевски убеден дека со премиерот на Бугарија ќе создадат коректен однос

9 јануари 2022

Формирањето на нови влади и кај нас и во Бугарија дава нова шанса и надеж во разговорите што ги водиме со нашиот сосед, вели мандатарот за нова влада и претседател на Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ), Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Тој очекува градење коректен однос со бугарската страна, откако беше објавено дека бугарскиот премиер Кирил […]

Во Бугарија преговори за нова влада, ГЕРБ на Бојко Борисов не е во игра

16 ноември 2021

„Продолжуваме со промената“ (ПП), новата политичка коалиција што победи на парламентарните избори во Бугарија во неделата, денеска ги почнува преговорите со други партии за формирање нова влада, јави бугарски „Медиапул“. Кирил Петков, поранешен технички министер и еден од ко-претседавачите на коалицијата изјави дека веќе разговарал со Корнелија Нинова, претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП, со […]

На парламентарните избори во Бугарија победува „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев

15 ноември 2021

Третите парламентарни избори во Бугарија годинава и втори вонредни, донесоа големо изненадување на политичката сцена – победник, по сè изгледа, ќе стане партијата „Продолжуваме со промената“ на поранешните технички министри Кирил Петков и Асен Василев . Веднаш зад оваа партијата е партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, која до последен миг беше сметана за […]

Страна 1 од 1