fbpx

Во Бугарија Борисов во блага предност, можна е широка коалиција

Едно од најголемите изненадувања е што изгледа цензусот за влез во бугарскиот парламенто од 4 отсто од освоените гласови го надмина и Има таков народ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, која беше можеби главната причина за последната политичка коалициска влада.

-

Според најновите информации за вчерашните парламентарни избори во Бугарија, петти по ред во последните две години, во блага предност е коалицијата ГЕРБ-СДС, на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Според 93,39 отсто од пребројаните гласови во реонските изборни комисии, коалицијата ГЕРБ-СДС води со малу повеќе од 2 проценти пред коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ), која всушност ја предводеше последната политичка влада на Бугарија, минатата година, и од чии редови беше премиерот – Кирил Петков.

Искажано во конректни бројки, ГЕРБ-СДС има 26,7 отсто од гласовите, а ПП-ДБА 24,96 отсто.

На третото место е националистичката и проруска партија „В’зраждане“ (Преродба) со 14,39 тосто, а Движење за права и слободи – ДПС (традицонално, партија ориентирана кон бугарските муслимани од разни националности) е на четвртото место со 12,96 отсто. Петта е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 8,95 отсто.

Едно од најголемите изненадувања е што изгледа цензусот за влез во бугарскиот парламенто од 4 отсто од освоените гласови го надмина и Има таков народ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, која беше можеби главната причина за последната политичка коалициска влада.

Според бугарските аналитичари, нова политичка влада Бугарија ќе добие само ако се формира широка владејачка коалиција.

Според Борјана Димитрова од социолошката агенција „Алфа Рисерч“ и Прван Симеонов од „Галуп“, кои ги анализираа бројките и шансите утрово на Бугарската национална телевизија (БНТ), единствена шанса новиот парламент да изгласа влада е широка коалиција, но тоа, сепак, ќе биде тешко да се постигне.

Според Прван Симеонов влегувањето на ИТН во парламентот во овој контекст е позитивна работа, бидејќи партијата на Трифонов го поддржува влегувањето на Бугарија во Шенген и воведувањето на еврото.

Борјана Димитрова го цитираше истражувањето на „Алфа Рисерч“ кое покажало дека над 60 отсто од поддржувачите на ГЕРБ би прифатиле коалиција со ПП-ДБ, додека само 22 отсто се против. Кај поддржувачите на ПП-ДБ, 49 отсто се за коалиција со ГЕРБ-СДСМ, наспроти 37 отсто коишто се против.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...